Права и услови & политика за приватност

Правила и услови за Canon сметка

Овие Правила и услови ќе ги ажурираме повремено. За сите промени на овие Правила и услови ќе ве известуваме преку објавување на промените на интернет. Исто така, ќе ги користиме сите методи на комуникација што сте ги навеле за да ве информираме за значајните промени на овие Правила и услови, доколку има такви промени. Ако продолжите да ја користите вашата Canon сметка откако ќе ги објавиме промените на овие Правила и услови, тогаш се согласувате да ги почитувате ажурираните правила.

1. Што е Canon сметка?

Canon сметката, претходно позната како You Connect сметка и MyCanon сметка, се всушност акредитивите што ќе ги користите за воспоставување и потврдување на вашиот идентитет кај услугите и веб-страниците на Canon. Вашата Canon сметка можете да ја користите за пристап до различни услуги, кои опфаќаат добивање информации за производи од Canon, најавување на онлајн продавницата на Canon за да купите одредени производи од Canon и за пристап до различни веб-страници на Canon и слични услуги (како што се претплатата за списанието од Canon, галеријата You Connect и irista итн.), што ги испорачува Canon, подружниците на Canon или трети страни што ги одредува Canon повремено (колективно „Услуги од Canon“). Ве молиме имајте предвид дека вашето користење на Услугите од Canon ќе подлежи на применетите правила и услови за секоја од нив посебно. Освен тоа, треба да имате предвид дека производите од Canon и услугите од Canon можат да се разликуваат во зависност од земјата; дека истите производи од Canon и услуги од Canon може да не бидат достапни во секоја земја и дека некои услуги од Canon што се директно поврзани со одредени производи од Canon ќе бидат поврзани со местото во кое живеете.

2. Кој може да регистрира Canon сметка?

Canon сметката е достапна во Европа, Средниот исток и Африка, за лица на возраст од 18 години или постари. Пристапот и употребата на услугите од Canon за лица помали од 18 години се дозволени само со дозвола од родител или старател кој треба да се регистрира во нивно име.

3. Како се прави Canon сметка?

За да направите Canon сметка, мора да наведете важечка адреса за е-пошта која ќе се користи како ваше корисничко име и одредени демографски податоци како што се вашето име, презиме, земја на живеење итн. Корисничкото име и лозинката можете да ги промените со најавување на вашата Canon сметка, по успешната регистрација. Canon сметката ја добивате бесплатно и е наменета за ваша лична употреба. Меѓутоа, ќе ги сносите сите трошоци потребни за регистрација на Canon сметката и користењето на услугите од Canon.

Ве молиме имајте предвид дека Canon го задржува правото по своја желба да ги прифаќа лицата што аплицирале и, без никаква дискриминација, да го одбие секое лице што аплицирало за кое смета дека не е соодветно.

Кога ќе регистрирате Canon сметка, ќе се согласите да внесувате точни податоци во формуларот за регистрација од Canon. По регистрацијата, таквите податоци треба да ги ажурирате за да бидат тековни преку отворање на линковите во е-пораката со потврда за вашата регистрација или линковите објавени на веб-страницата на Canon. За повеќе информации за употребата и префрлувањето на вашите лични податоци од страна на Canon, ве молиме погледнете ја Политиката за приватност наведена тука.

4. Политика за приватност

За повеќе информации за начинот на кој ги користиме корисничките информации, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност на кориснички податоци.

5. Одрекување на одговорност

Јасно потврдувате и се согласувате дека:

Вашата регистрација и употреба на Canon сметката и сличните услуги од Canon е потполно на ваш ризик. Canon сметката и сите слични услуги од Canon се испорачуваат на принципот „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“ и „ТАКА КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“. До максимален степен дозволен според законот, компанијата Canon и нејзините подружници јасно ги отфрлаат сите гаранции и услови од каков било вид, без оглед дали се директни или индиректни, вклучувајќи ги, но и не ограничувајќи се со индиректните гаранции и услови за продажба, можност за извршување на одредена намена и непрекршување на законите.

Компанијата Canon и нејзините подружници не гарантираат дека (a) користењето на Canon сметката и услугите од Canon ќе ги задоволат вашите потреби, (b) користењето на Canon сметката и услугите од Canon ќе биде непрекинато, времено, безбедно или безгрешно, (c) сите резултати што можат да се добијат преку користење на Canon сметката и услугите од Canon ќе бидат точни и сигурни.

Сите материјали што можат да се преземат или добијат на каков било друг начин преку користењето на Canon сметката и услугите од Canon ги добивате по ваша желба и на ваш ризик и ќе преземете потполна одговорност за сите оштетувања на вашиот компјутерски сервер или друг уред или какви било загуби на податоци што можат да произлезат од преземањето на таквите материјали.

Никакви совети или информации, без оглед дали се усни или пишани, што сте ги добиле од Canon (вклучувајќи ги и нејзините подружници), или преку, или со користење на Canon сметката и услугите од Canon, нема да претставуваат какви било гаранции што веќе не се јасно наведени во овие правила и услови.

6. Заштитен знак на Canon

Никој не смее да ги прикажува или користи на каков било начин заштитните знаци или лого ознаките на Canon или групацијата Canon без претходна пишана дозвола од Canon.

7. Конфликт на закони и форум

7.1 Во зависност од параграф 7.2, овие Правила и услови и сите други спорови поврзани со нив или со Canon сметката ќе бидат регулирани од страна на законот во Англија и Велс, а споровите поврзани со овие Правила и услови или со Canon сметката ќе се решаваат во судот на Англија и Велс.

7.2 Како корисник, може да ви биде дозволено да ги пренесете судските постапки во вашите локални судови и тие да се одвиваат на вашиот јазик. Ќе ви биде дозволено локалната организација за кориснички совети да ве советува за вашите права. Овие правила и услови не ги ограничуваат вашите законски права.

8. Податоци за Canon Europa N.V.

Canon Europa N.V.
Bovenkerkerweg 59
1185 XB Amstelveen
Холандија
Тел. 0031 20 545 8545
Факс 0031 20 545 8222
Регистарски број на компанијата: 33166721
VAT бр.: NL005916343B01

9. Авторски права

Авторски права © Canon Europa N.V. Сите права се задржани. Строго се забранува копирање, дистрибуција, одново издавање или менување на какви било информации, слики и заштитни знаци што се појавуваат на оваа Веб-страница.