Differentiate, Rohner Spiller grow their business, using marketing and customer communication solutions from Canon

Rohner Spiller: кршење на мразот

Предизвикот

Во изминатиов половина век, швајцарската компанија Rohner Spiller се воспостави како водечки комерцијален печатач. Благодарение на брзиот и висок квалитет и сеопфатните печатарски услуги, компанијата има изградено голема и лојална база на потрошувачи на широк опсег на пазари, од архитекти и графички дизајнери до SME и големи бизниси. Нејзиното целосно оптимизирано производствено опкружување, кое вклучува хардвер за сè, од печатење и завршна обработка на тесни и широки формати, до скенирање и ламинирање, е опремено да се справи со речиси секакви нарачки за печатење.

Меѓутоа, како што истакнува извршниот директор на компанијата, Remo Martin, производствените можности сами по себе не може да донесат нови зделки – нешто што станало многу важно во 2012 година: „Нашата компанија работеше добро и имавме многу работа од постоечките клиенти. Но цените брзо паѓаа, така што ни беше потребен начин да ги задржиме и да ги зголемиме приходите и да обезбедиме долгорочна стабилност. Ни требаа нови клиенти.“

Компанијата размислувала за инвестирање во нова опрема за печатење и завршна обработка, но тие решенија не го нуделе потребниот USP кон кој компанијата се стремела: „Кога се фокусиравме на промени во полето на комуникациите, баравме начин да им помогнеме на нашите потрошувачи да се прилагодат на културата која еволуира и во која сите сè повеќе конзумираат информации преку различни медиуми.“

Иако Martin и неговиот тим знаеле за можностите во онлајн маркетингот и вкрстените медиуми, тој се сеќава дека го немале потребниот увид или познавање на пазарот: „Едноставно бевме преплавени од огромната количина достапни информации, така што побаравме партнер кој може да го филтрира преголемиот проток на информации, да го поедностави пазарот и да ја води компанијата низ непознатите води.“

"Како резултат на партнерството со Canon, вкрстените медиуми се сега значаен дел од нашата понуда на услуги."

Rohner Spiller attract new customers, using Canon marketing solutions

Решението на Canon

По опширно истражување на пазарот, кое опфаќало и разговор со водечките испорачувачи на вкрстени медиуми на DRUPA 2012, Rohner Spiller одлучи да инвестира во предлогот на Canon во врска со софтверот DirectSmile. „За време на нашите разговори со Canon, две нешта кои ги надминуваат можностите на софтверот станаа јасни. Прво, дека компанијата има огромно искуство на пазарот и второ, дека ќе соработува со нас како партнер и ќе ни обезбеди водство какво што ни е потребно.“

Водството дошло во форма на тридневна сесија за обука која ја спровел Canon и која го научила Martin и неговиот тим за основите на вкрстените медиуми и осмислувањето кампањи за потрошувачи со помош на DirectSmile. „Оваа непроценлива обука ја надополнуваа темелни деловни дискусии кои се фокусираа на тоа како услугата да биде профитабилна. Соработувавме со Canon за голем број идеи, обете страни предложуваа нови деловни модели, а Canon ни ги покажуваше постоечките кампањи за потрошувачи кои помогнал да се остварат. Тоа ни помогна да го одредиме правецот во кој сакаме да се движиме.“

Овој нов правец бил важен. Со оглед на големото значење на брендот на Rohner Spiller како испорачувач на услуги за печатење, се донела одлука дека новата понуда на вкрстени медиуми на компанијата треба да добие сопствен пазарен идентитет. Бидејќи новата услуга на крајот повторно би била вградена во главното деловно работење, била поставена како посебен оддел наречен ‘Querfeld1’. Името е добиено од германскиот израз за „крос кантри“ и совршено го отсликува духот на истражувањето во новиот потфат на компанијата.

"Не само што ја проширивме понудата за потрошувачи за да се стекнеме со нови и да ги задржиме постоечките, туку и го зголемивме нашиот обем на печатење за 20 проценти."

Придобивки

Денес, Querfeld1 е успешен бренд кој го зацврсти деловното работење на Rohner Spiller. Тимот на Querfeld1, кој го предводат три посветени специјалисти кои нудат дигитални услуги за маркетинг како што е маркетинг по е-пошта, е-весници и дизајн на веб-страници, исто така обезбедува поддршка за потрошувачите и во нивните маркетинг стратегии:

„Постоечките потрошувачи се воодушевени од нашите нови вештини за вкрстени медиуми и автоматизација на пазарот и од фактот што можеме да ја зголемиме вредноста на нивните кампањи. Можеме да ги поедноставиме и да ги автоматизираме нивните работни процеси со минимална човечка интервенција и да ги трансформираме нашите решенија за печатење во решенија што ги зголемуваат нашите приходи. Не само што го надградивме нашиот деловен модел, туку и ја проширивме понудата за потрошувачи за да се стекнеме со нови и да ги задржиме постоечките и го зголемивме нашиот обем на печатење за 20 проценти.“

Освен стандардните апликации за вкрстени медиуми како што се директна пошта вградена во персонализирани пристапни веб-страници, брендот развил и софистицирана онлајн алатка за локалните мали претпријатија. Martin се сеќава дека „Нашето прво решение за блогови беше систем наречен CARS 2.0, алатка за онлајн анкети која им овозможуваше на нашите клиенти од помалите претпријатија да добијат детални информации за претпочитаниот начин на комуникација на нивните потрошувачи. Алатката им овозможува да ја направат комуникацијата поефикасна, без разлика дали таа ќе се одвива по телефон, SMS, директна пошта или е-пошта.“

Martin заклучува: „Имаме близок однос со Canon, кој ни помогна да го одржиме нашето деловно работење. Тимот на Canon е секогаш подготвен да нè поддржи и да понуди брз одговор на нашите проблеми. Како резултат на нашето партнерство, вкрстените медиуми сега се голем дел од услугите што ги нудиме. Веќе ја исплативме нашата инвестиција и со тек на времето очекуваме зголемена профитабилност и понатамошен раст.“

Differentiate, Rohner Spiller offer customers online marketing and crossmedia services using campaign management software from Canon

"Имаме близок однос со Canon, кој ни помогна да го одржиме нашето деловно работење."

Дознајте повеќе

Контактирајте нè

Откријте како можеме да ви помогнеме да го истакнете вашето деловно работење

Дознајте повеќе