Калкулатори од економската серија

Canon AS-2400

Овој калкулатор за на маса со 14 цифри нуди комбинација од стилски дизајн на извлекување во лак и значителни еколошки признанија - правејќи го идеален за организации и индивидуални лица.

Придобивки

  • Калкулатор за на маса со 14 цифри

  • Стилско куќиште во облик на лак

  • Голем екран со прилагодливо закосување

  • Горното и долното куќиште се делумно изработени од рециклирани материјали од производите на Canon

  • Двоен извор на напојување со енергија: соларно и со батерија која не содржи жива

  • Заокружување и избирање на децималната запирка

  • Автоматско исклучување

Детални карактеристики

  • Стилски и професионален

    AS-2400 со 14 цифри е дизајниран земајќи ги во предвид и стилот и практичноста. Елегантното и заоблено куќиште не само што изгледа професионално, туку и лесно се вклопува на бирото или полицата.

  • Екран со прилагодливо закосување

    Голем, јасен и прилагодлив LCD панел за приказ кој го минимизира одблесокот и одбивањето на светлината. За оптимална читливост панелот може да се закоси за да одговара во сите услови на осветлување.

  • Одржлив дизајн

    Покрај неговиот ергономски стил, овој модел го намалува влијанието врз животната средина, важна карактеристика за сите организации и лица во моментот. Некои негови пластични компоненти се изработени од рециклирани материјали земени од производите на Canon.

  • Енергетска ефикасност

    Двојниот извор на напојување со енергија - соларно и со батерија која не содржи жива - обезбедува енергетски ефикасно и сигурно користење во услови со лошо осветлување. Доколку AS-2400 не се користи, функцијата за "автоматско исклучување" едноставно го исклучува калкулаторот за да заштеди енергија.

  • Сеопфатни функции

    Калкулаторот AS-2400 нуди голем опсег на функции. Прекинувачот на лизгање обезбедува едноставно избирање на децималната запирка и заокружување. Меморијата за вкупна сума автоматски ги собира крајните резултати. Други практични копчиња се зголемување, обратен редослед и сите други стандардни функции кои можат да се очекуваат од еден калкулатор на Canon.