Canon 8x25 IS

Лесен и компактен двоглед со доближување до 8x што е идеален за секојдневно гледање птици.

Придобивки

  • Пренослив и лесен - идеален за патувања или настани

  • Зголемувањето до 8x ве доближува до вашиот објект

  • Неверојатно стабилен приказ со оптичка стабилизација на сликата

  • Оптиката од Canon нуди висока резолуција и прецизни бои

  • Добро урамнотежен дизајн за практично и удобно користење

Детални карактеристики

  • Пренослив и лесен, со доближување до 8x

    Овој извонредно компактен двоглед, со ширина од само 12 cm и тежина од само 490 g, може да се носи во торба и нуди зголемување до 8x каде и да одите. Идеален за патување, натпревари, концерти и најразлични спортови каде што треба да се доближите до вашиот објект.

  • Неверојатно стабилен приказ со оптичка стабилизација на сликата

    Уживајте во неверојатно стабилен приказ на вашиот објект и користете го двогледот удобно во долги временски периоди благодарение на оптичката стабилизација на слика, која брзо и прецизно ги елиминира различните видови движења и тресење на рацете. Литиумската батерија CR123A овозможува континуирано користење до 6 часа*.

  • Оптиката од Canon нуди висока резолуција и прецизни бои

    Уживајте во одличен квалитет со приказ со висока резолуција и мало изобличување, благодарение на прецизната оптика од Canon. Објективите се одликуваат со Super Spectra слој кој овозможува добивање на живописни слики со висока резолуција и прецизни бои, а истовремено ги елиминира несаканите внатрешни рефлектирања кои предизвикуваат привидни облици и одблесоци.

  • Прекрасно видно поле од едниот крај до другиот

    Уживајте во прекрасно и јасно видно поле низ целата површина на сликата благодарение на составниот елемент на објективот за израмнување на поле. Фокусирајте објекти на близина до 3,5 m и уживајте во удобно растојание од окото до објективот 13,5 mm.

  • Дизајниран за практичност, издржливост и удобност

    Централно поставеното големо копче за IS и рамномерното прилагодување со прстенот за фокусирање овозможуваат едноставна и практична контрола која е лесно достапна и за двете раце. Двогледот се одликува и со диоптер од +/- 3,0 кој се приспособува кон вашиот вид, како и со гумен заштитник за очи кој се прилагодува за корисниците кои носат очила.*Тестирано според стандардите на Canon