Canon X MARK II

X MARK II

Овој извонредно тенок деловен калкулатор со 12 цифри и соларно напојување нуди практични функции, тенок алуминиумски дизајн и одговорност кон животната средина. Практична деловна алатка која нуди комбинација од стил и одржливост.

Придобивки

  • Стилски, тенок и долготраен дизајн
  • Делумно изработен од рециклирани материјали од Canon
  • Работи на сончева енергина - не содржи батерија
  • Калкулатор за на маса со 12 цифри
  • Погодни деловни функции (набавна цена, продажна цена, маржа)
  • Функција на преминување на копчињата за брзо внесување

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon X MARK II

Софистициран и долготраен дизајн


Тенкиот и стилски калкулатор X MARK II се одликува со прекрасна мат површина, достапна во бела или црна боја, како и елегантно алуминиумско долно куќиште. Тенкото и рационализирано куќиште е компактно, издржливо и сигурно, со ласерски изгравирани ознаки на копчињата. Сето тоа го подобрува стилот, сигурноста и одговорноста кон животната средина.

Зголемување на ефикасноста, зачувување на ресурсите


Овој интелигентен мал калкулатор за на маса со 12 цифри поставува нови стандарди - во стил, ефикасност и одговорност кон животната средина. Тој се одликува со голем и јасен LCD екран, а некои делови на калкулаторот се изработени од рециклирани материјали од Canon. . На овој начин се зголемува ефикасноста на ресурсите и се намалува отпадот - правејќи го X MARK II омилен калкулатор за менаџерите и професионалците кои се одговорни кон животната средина, како и индивидуалните лица кои се свесни за проблемите на животната средина.

100% сончево напојување - без батерии, без отпад


Секоја година се фрлаат милиони калкулатори, а голем дел од нив се со батерии што не можат да се заменат. Калкулаторот X MARK II се напојува потполно со соларна енергија, што значи дека користи природна и обновлива енергија. Воопшто не содржи батерија, па оттука нема штетен отпад.

Практични деловни функции


Автоматски пресметајте ги вашите маржи на заработувачка со одделните копчиња за набавна-продажна цена-маржа, без потреба од сложени формули. Тоа е најлесниот начин да ги поедноставите комплексните пресметки и да заштедите време. Во другите функции се вклучени и меморија за вкупен збир, како и копчиња за алтернативна функција, проценти, промена на знаци и квадратен корен. Функцијата на преминување со прстот преку копчињата овозможува брзо внесување на бројки без блокирање на копчињата.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon X MARK II, неговите функции и можности.

12 - digits

12 - digits

Manufactured_from_Canon_Recycled_MateriaL

Некои делови се изработени од рециклираните материјали од производите на Canon