LEGRIA HF R68

Видеокамери

Canon LEGRIA HF R68

Доловете ги сите детали од далечина. Опфатете ги сите лица во кадарот. Оваа компактна видео камера внесува забава и слобода за целото семејство. Доловете го секој момент во Full HD и споделувајте со леснотија со вградениот Wi-Fi и NFC.

Придобивки

  • Лесно споделување за целото семејство со Wi-Fi и NFC

  • Стабилни видео снимки без заматување со оптичката интелигентна стабилизација на слика

  • Снимете ги магичните моменти од животот со неверојатни детали

  • Опфатете повеќе во кадарот со објективот со широк приклучок

  • Уживајте во дополнителната забава со снимањето на забавени и забрзани видео снимки

Детални карактеристики

  • Споделувањето е дел од животот

    Вчитувајте видео снимки на вашиот паметен уред и на социјалните медиуми со вградениот Wi-Fi. Видео камерата исто така поддржува NFC, така што можете да извршите поврзување и да споделувате снимки директно со паметните уреди со само еден допир. NFC исто така овозможува лесно поврзување со Canon Connect Station, што ви нуди можност да ги складирате содржините, а потоа да ги гледате со семејството и пријателите на вашиот телевизор.

  • Остри резултати во секоја прилика

    Оптичката интелигентна стабилизација на слика на Canon значи дека нема веќе потреба да се грижите за тресењето на камерата. Таа се адаптира на сцената која ја снимате и автоматски го избира оптималниот режим за стабилизација на сликата за вас. Дури и кога се движите, динамичката IS во 5 насоки овозможува стабилно снимање.

  • Сите спомени со неверојатни детали

    Уживајте во создавањето неверојатни видео снимки со HD видео објективите од Canon. Разновидниот напреден зум до 57x ви овозможува да ги снимате деталите дури и кај подалечните објекти. Квалитетот на сликата е врвен – дури и кога снимате при слаба осветленост – благодарение на Full HD CMOS сензорот со 3,28 MP и DIGIC DV4 процесорот. Спречете го ненамерното бришење на вашите спомени со практичната функција за заклучување на фајлови.

  • Дополнителна слобода со објективот со широк приклучок

    Снимањето во затворени простории обично значи дека е тешко да се опфатат сите во кадарот. HF R68 вклучува иновативен објектив со широк приклучок, кој може брзо да се монтира на предниот дел. Ова ја намалува фокусната должина на 26,9mm*, зголемувајќи го опсегот на видео снимки кои можете да ги снимате.* Со вклучено напредно зумирање

  • Забава за целото семејство

    Експериментирајте со снимање на забавени и забрзани видео снимки. Забавените снимки ја намалуваат брзината до 1/2x – одлично за усовршување на удари во голф – додека забрзаните снимки ја зголемуваат брзината на сѐ, до 1200x. Тоа работи со снимање на претходно утврдени интервали така што можете да го користите за да создавате неверојатни снимки со забрзано движење. Додавајте забавни ефекти на видео снимките со помош на декорација на допир, или создадете атмосфера со филтрите за изглед како во кино.

  • Не губете ништо од вид

    Што се случува кога ќе загубите од вид некого кого го снимате од далечина? Едноставно притиснете и задржете на копчето за пребарување и ќе се прикаже помошта за обликување на кадарот за да можете брзо да ги лоцирате вашите објекти. Ослободете го копчето за пребарување и видео камерата повторно ќе зумира за да продолжите со снимањето.

  • Доловете многу неповторливи моменти

    Снимете ги првите чекори и првите зборови од најмногу три ваши деца со помош на напредниот режим за бебиња. Регистрирајте го денот на раѓање на вашето дете во камерата и додавајте разнобојни печати и анимации за евидентирање на нивната висина и тежина. Целиот снимен материјал автоматски се зачувува во албумот за соодветното бебе.

  • Видео снимки со одличен звук

    Направете ги видео снимките да звучат подеднакво добро како што изгледаат со помош на функцијата за избирање на аудио сцена. Едноставно изберете еден од 5-те различни режими кои одговараат на сцената која ја снимате.

  • Флексибилно снимање

    Видео снимките може да се снимаат во различни формати (AVCHD + MP4) на внатрешната меморија и на SD картичката истовремено. Ова значи дека можете да снимате висококвалитетни видео снимки за лична употреба додека споделувате верзија со помала резолуција која е полесна за пренос со паметните уреди и социјалните медиуми.

Спецификации

  • Full HD

  • Споделувајте видео снимки безжично

  • Поедноставете го споделувањето

  • Стабилни снимки во секоја прилика

  • Стабилно фотографирање во движење

  • Full HD CMOS сензор

  • 57x напреден зум

  • Следете го вашиот објект со целосен зум

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Снимање на забавени и забрзани видео снимки

  • Снимање на AVCHD со 28Mbps

  • Снимање на MP4 со 35 Mbps

  • Снимајте драгоцени спомени

  • Совршен звук кој одговара на сцената

  • Капацитивен екран на допир од 7,5cm

  • Внесете кино чувство во филмовите

  • Додајте забавни ефекти на видео снимките

  • Отворете го LCD екранот за брзо вклучување

  • 8GB вградена меморија + отвор за SDXC

  • Connect Station е оптимизирана