HD видео камери LEGRIA

Без разлика дали сакате да доловите драгоцени спомени или сакате да ја подобрите вашата креативност, во палетата LEGRIA ќе ја пронајдете најдобрата видео камера за вас. Нудејќи комбинација од врвен квалитет на слика, прецизно инженерство и технолошко знаење на Canon, видео камерите LEGRIA ви овозможуваат брзо и лесно создавање и споделување на извонредни Full HD видео снимки.

За семејни и специјални пригоди

За видео ентузијасти

За креативни лица

Оживејте ги незаборавните моменти снимени во FULL HD со компактната видео камера LEGRIA HF R. Моќниот зум и оптичката стабилизација на слика ќе ви овозможат стабилен снимен материјал и врвни резултати во секоја прилика.

Дизајнирана за усогласување со креативната страст на видео ентузијастите, палетата LEGRIA HF G се одликува со широкоаголен објектив, напреден HD CMOS PRO сензор, обемни рачни контроли и исклучителен звук за добивање на неверојатни HD видео снимки.

Изразете ја својата креативност од нова перспектива. Палетата LEGRIA со овозможени FULL HD и Wi-Fi нуди уникатна преносливост, објектив со извонредно широк агол, LCD екран со променлив агол и вграден држач, идеално дизајниран за автопортрети.

Безжични HD видео камери LEGRIA

Споделувајте снимки со леснотија на YouTube, Facebook и други социјални мрежи со LEGRIA Wi-Fi камерата. Поврзете се со вашиот паметен уред со еден допир преку NFC. Опсегот исто така вклучува проследување во живо, како и далечинско набљудување и контрола врз вашата камера.

Поддршка за вашата видео камера од Canon

Преземајте софтвер, firmware и упатства и добијте пристап до техничка поддршка и решавање на проблеми за вашата видео камера од Canon.

    Дали барате постари видео камери LEGRIA

    Пронајдете спецификации и информации за компатибилна дополнителна опрема за постари модели на LEGRIA во нашиот дел со архива за производи.