LEGRIA HF R78

Видеокамери

Canon LEGRIA HF R78

Снимајте и споделувајте неверојатни видеоснимки со широкоаголниот објектив со напреден зум до 57x преку Wi-Fi со NFC.

Придобивки

  • Снимајте и споделувајте драгоцени спомени без напор

  • Моќна технологија за врвен квалитет на видеоснимките

  • Снимајте креативни материјали на едноставен начин

  • Одличен звук што одговара на сцената

Детални карактеристики

  • Снимајте и споделувајте без напор

    Уживајте во удобно снимање и едноставната и интуитивна контрола на допир преку голем, осветлен и капацитивен екран на допир. Снимајте во AVCHD и MP4 формат истовремено и лесно поврзувајте паметни уреди преку Wi-Fi со NFC за далечинско снимање и споделување MP4 датотеки без напор со пријателите или на социјалните мрежи.

  • Врвен квалитет

    Многубројните моќни технологии ви овозможуваат да добиете Full HD видео со неверојатен квалитет. Доловувајте детали во далечина на едноставен начин со објективот со огромен напреден зум до 57x и автоматската функција за помош при обликување на кадарот или, пак, опфатете повеќе во сцената со широкоаголниот додаток. Интелигентната стабилизација на слика автоматски го елиминира тресењето за да добиете неверојатно стабилни резултати.

  • Креативни снимени материјали

    Добијте прекрасни ефекти со снимањето забавени и забрзани движења, додавајте забавни ефекти во видеоснимките со функцијата за декорации на допир или подобрете го амбиентот со филтрите за изглед како во кино. Доловете ги најважните моменти на вашите деца со напредниот режим за бебиња што автоматски ги подредува снимените материјали во албуми за најмногу три деца.

  • Одличен звук

    Направете ги вашите видеоснимки да звучат подеднакво добро како што изгледаат со изборот на аудио сцена, кој нуди 5 режими на сцени и кој автоматски ги оптимизира поставките за звук за да одговараат на сцената што ја снимате.

Спецификации

  • Full HD

  • Advanced Zoom

  • Оптичка интелигентна стабилизација на слика

  • Снимање на забавени и забрзани видео снимки

  • Следете го вашиот објект со целосен зум

  • Снимајте драгоцени спомени

  • Wi-Fi далечински управувач и лесно споделување

  • Поедноставете го споделувањето