HF S10

LEGRIA HF S10 е HD видео камера која нуди комбинација на професионалната обработка на слики со предностите на двојната флеш меморија. Напредните контроли ќе ви овозможат снимање на неверојатно остри и детални слики.

Придобивки

  • 8.0MP Canon HD камера систем
  • 32GB двојна флеш меморија
  • Моментален AF и OIS со супер опсег
  • Опции за рачна контрола
  • Куси видео записи, откривање на лице, Pre REC
  • x.v.Colour и 25p
  • Фотографии со 8MP
  • Исклучителен звук
  • Мини напреден приклучок за дополнителна опрема
  • Софтвер за уредување

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon HF S10

Canon HD камера систем


Снимајте врвни видео содржини со Canon HD камера системот: LEGRIA HF S10 користи уникатна комбинација на 8.0MP Full HD CMOS сензор, Canon HD видео објектив со 10x оптички зум (дијаметар на филтер од 58mm) и DIGIC DV III процесор.

Двојна флеш меморија


32GB двојната флеш меморија нуди комбинација на голем вграден капацитет – доволен за преку 12 часа HD видео – со дополнителна опција за снимање на отстранливи SDHC мемориски картички.

Интелигентно снимање


Уникатниот систем на Canon за моментален AF нуди брзо и прецизно фокусирање. OIS со супер опсег ги намалува ефектите на тресењето, кај бавните и брзите движења.

Креативни рачни контроли


Корисничкото копче ви овозможува активирање на една од петте променливи кои можат да бидат доделени на контролното вртливо копче, вклучувајќи фокус, експозиција и ниво на звук. Меѓу напредните контроли се вбројуваат AGC (Auto Gain Control) ограничувањата – обично застапени само кај професионалните камери, кои го засилуваат или ограничуваат одзивот при снимање со слаба осветленост – потоа зебра ленти, бирање на боја и излез на ленти во боја/тест тон.

Одлични видео снимки на едноставен начин


Режимот на куси видео записи врши снимање на секвенци од 4 секунди – тие се идеални за подоцнежно составување во листа на репродукција. Монтираните видео записи ќе можете да ги репродуцирате со музика по избор во заднина. Технологијата за откривање на лице врши автоматска оптимизација на параметрите за добивање на совршени снимки со луѓе, детектирајќи до 35 ликови во еден кадар. Pre REC функцијата врши снимање на 3 секунди пред да го притиснете копчето за снимање – така што вие никогаш повеќе нема да го пропуштите моментот.

Опции за бои


DIGIC DV III нуди поддршка за x.v.Color – за добивање на длабоки богати нијанси при репродуцирање на снимките на компатибилен HD телевизор. Со 25p режимот на кино вие ќе постигнете изглед на традиционалните филмови, со подобрување на квалитетот на снимање при слаба осветленост.

Снимање на фотографии


Наменскиот фото режим ќе им овозможи на корисниците снимање фотографии со висока резолуција, до 8MP. Во режим на двојно снимање, за време на снимањето видео можно е и снимање на фотографии од 6MP. Функцијата за фото секвенца генерира 25 фотографии од една секунда снимен материјал.

Исклучителни аудио карактеристики


Приклучоците за микрофон и слушалки ќе ви овозможат снимање и мониторинг на исклучителен звук. Рачната контрола на аудио нивоата ви нуди уште повеќе опции.

Флексибилни опции


Со помош на мини напредниот приклучок за дополнителна опрема, приклучете широк опсег на периферни уреди – како на пр. микрофон или видео осветлување.

Софтвер


За едноставно уредување и споделување на снимките се испорачува PIXELA™ софтверот. DVD дисковите ќе можете да ги снимате со едно притиснување на копче со помош на Canon DW-100 DVD снимач (може да се купи одделно).

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon HF S10, неговите функции и можности.