RC-V100

Далечинскиот управувач RC-V100 од Canon им нуди поголема слобода на корисниците на видео камери. Без разлика дали сте во студио, на некоја локација или некаде каде што досега не сте можеле да пристапите, тој нуди жична далечинска контрола за речиси секоја функција на видео камерата.

Придобивки

  • Моќен жичен далечински управувач за функции на камери
  • Интуитивен распоред кој ќе им одговара на професионалните корисници
  • Наменски вртливи копчиња за прилагодување на напредни параметри за обработка на сликата
  • Директна контрола врз поважните функции на камерите како што е фокусот, ирисот и засилувањето¹
  • Пристапете до менијата за користење на камерата и брзо прилагодете ги саканите подесувања
  • Осветлените копчиња овозможуваат ракување при слаба осветленост
  • Копчиња што може да ги конфигурира корисникот по своја желба
  • Компатибилност со професионални видео камери и Cinema EOS камери од Canon
  • Идеален за снимање на локации и користење во студија
  • Побрза комуникација и опсег до 100m со изборниот кабел RR-100 од Canon

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon RC-V100

Моќен далечински управувач


Моќниот жичен далечински управувач за професионалните камери од Canon ви нуди основно и напредно прилагодување на сликата на дофат на вашите прсти. Извршете поврзување преку REMOTE A приклучокот користејќи ги стандардните кабли од 5m со приклучоци од 3,5mm-2,5mm, или преку REMOTE B приклучокот (користејќи ги изборните 8-пински кабли RR-10 и RR-100) за побрзи перформанси, истовремено ракување и зголемен опсег – до 10m и 100m соодветно.

Обемна контрола


RC-V100 нуди комбинација од одредени придобивки што ги нудат напредните далечински управувачи и далечинскиот управувач за камери (CCU), кој најчесто се користи во студијата. Можете да ја контролирате речиси секоја прилагодлива функција - од фокус, ирис и зум па сè до специфични прилагодувања на сликата како намалување на опаѓањето на кривата за светлина и точката во која почнува намалувањето на истата.

Снимете повеќе, на поинаков начин


За одредени сцени е потребна далечинска контрола на камерата: кога камерата е поставена на кран за снимки од повисока перспектива, на пример, или во сцени каде што се потребни брзи прилагодувања за компензација на променливите услови. Благодарение на далечинскиот пристап и контрола, овие пречки при снимањето лесно се надминуваат. Во комбинација со RC-V100, професионалните камери од Canon се претвораат во уште поразновидни алатки кои ќе ви помогнат да ја реализирате вашата креативна визија.

Интуитивен распоред за поголема контрола


Интуитивниот распоред на управувачот ја олеснува контролата врз функциите на камерата и параметрите на сликата, дури и ако не сте професионалец за камерата што се користи. Тој е внимателно дизајниран за да можете лесно да научите да го користите, а поважните функции се групирани во три главни дела. Општите параметри за слика се контролираат преку вртливи копчиња, така што деталното далечинско прилагодување на сликите е многу едноставно. Згора на тоа, се одликува и со копчиња кои може да ги додели корисникот со цел да добие поголема разновидност.

Разбирливо и едноставно ракување, на секое место и во секое време


За полесно ракување при слаба осветленост, копчињата светат и нудат опција за звучен сигнал за да потврдат дека сте ги избрале.

Ажурирања на Firmware


Можеби ќе треба да го ажурирате Firmware-от на вашата камера за да биде компатибилна со RC-V100. Доколку REMOTE B приклучокот на RC-V100 не е веќе овозможен, ова може да се оствари преку ажурирање на услугата преку USB приклучокот на уредот.

¹Не е можна контрола на објективот кај Cinema EOS камери со PL-приклучок или кај рачните објективи

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon RC-V100, неговите функции и можности.

CPN.jpeg

Професионална мрежа на Canon

Инспирација, образование, информации за производи и новости за целосно покривање на професионалните фотографи и видеографи кои користат производи од Canon, како и напредни ентузијасти од целиот свет.