Кога станува збор за доловување неверојатни снимки од тешки надворешни активности, за тоа ви е потребен најдобриот фотоапарат - цврстиот PowerShot D30. Или, пак, можете да користите водоотпорно куќиште со кој било компатибилен фотоапарат од Canon, за фотографирање под вода кој е заштитен од песок, солена вода и снег.
PowerShot D30 е идеален за оние на кои секојдневно им се потребни издржливи перформанси од моќен спортски фотоапарат. Доволно издржлив за најтешките надворешни активности и отпорен на вода до 25 м, удари и мраз - идеален за секоја авантура, почнувајќи од сноубординг и планинарење па сè до нуркање во длабоки води. Овој фотоапарат, исто така, е отпорен на деца и може да го издржи грубото ракување од страна на децата за време на семејните авантури.
Користете водоотпорно куќиште за фотоапарати на кој било компатибилен фотоапарат од Canon за да можете да снимате под вода на длабочина до 40 м - повеќе од доволно за нуркање - со лесен пристап до сите контроли. Тие нудат и одлична заштита на фотоапаратот од вода, песок и снег - идеално за на плажи и базени, како и зимски спортски активности.
PowerShot D30 е водоотпорен на длабочина до 25 м, отпорен на удари при паѓање од висини до 2,0 м¹ и работи на ниски температури до -10 °C - идеално за најлудите авантури. Нашите подводни куќишта се водоотпорни на длабочина до 40 м и изработени за долготрајна употреба, благодарение на цврстата конструкција од поликарбонат и механизмите од челик што не ’рѓосува - од компактен PowerShot заштитен со подводно куќиште кој поминал шест години во океанот беше извадена функционална мемориска картичка².
Нашите водоотпорни куќишта за фотоапарати ви овозможуваат да ги користите сите контроли на фотоапаратот за да можете прецизно да ги снимате сите неверојатни бои во подводниот свет. Моменталниот пристап до функции како прилагоден баланс на белата боја или подводен режим ви овозможува брзо да ги прилагодите боите според нивото на осветленост под површината на водата, за да добиете најдобри подводни слики.
Снимајте прекрасни подводни снимки со иновативниот HS систем од Canon кој претставува ексклузивна комбинација од сензор со голема чувствителност и моќен DIGIC процесор. HS системот се истакнува при слаба осветленост - типично за подводни опкружувања - олеснувајќи го рачното снимање на природната атмосфера во подводниот свет, со неверојатно квалитетни слики и помалку шум.
¹ Методите за тестирање за отпорност при удар важат само за овој производ и не гарантираат дека нема да настане оштетување или дефект кај производот.
² http://www.dpreview.com/news/2013/03/26/camera-lost-in-ocean-reunited-with-owner
³ Симулирана слика за илустративна намена.
Ве молиме имајте предвид дека сите функции не се достапни кај сите производи.