Компактни дигитални

Canon PowerShot SX540 HS

Патувајте и фотографирајте со овој хибриден фотоапарат со 50x зум и можности за поврзување кој е совршен за секоја авантура.

Придобивки

  • Флексибилно фотографирање за сите специјални моменти

  • Сè што ви е потребно за врвни Full HD видеоснимки

  • Поврзете се, споделувајте и правете резервни копии од вашите креации на едноставен начин

  • Едноставно или напредно, по ваша желба

  • Дизајниран за удобно фотографирање и лесно обликување на кадарот

Детални карактеристики

  • Флексибилно фотографирање

    Доближете се до далечните детали или опфатете поголем дел од сцената со огромниот оптички зум од 50x и извонредно широкиот агол од 24mm. Уживајте во остри и јасни снимки при секакви услови на осветлување, благодарение на CMOS сензорот со 20,3 мегапиксели и моќниот DIGIC 6 процесор, и снимајте спонтани случувања со автоматското фокусирање од 0,13 сек. и брзото континуирано фотографирање со брзина од 5,9 fps.

  • Full HD видео снимки

    Снимајте реалистични Full HD видеоснимки со 60p со допирање едно копче и добијте стабилни снимени материјали при максимален зум или кога трчате со помош на напредната динамичка стабилизација на слика. Снимајте кратки и концизни видеоснимки од 4, 5 или 6 секунди со функцијата за кратки видеозаписи или користете ја функцијата за најдобри моменти од приказните за да направите интелигентна комбинација од фотографиите и видеоснимките во видео албум.

  • Поврзете се и споделувајте

    Поврзете го вашиот компатибилен паметен уред со еден допир преку Wi-Fi со динамички NFC за едноставно споделување. Користете ја услугата за синхронизација на слики за автоматски да направите резервна копија од новите слики во услугите Cloud и снимајте одлични снимки од животот во дивината со функцијата за безжично далечинско фотографирање преку паметниот уред. Копчето Wi-Fi нуди брз и едноставен пристап до функциите за Wi-Fi.

  • Едноставно или напредно

    Само насочете и снимајте прекрасни фотографии и добијте забавен HD (720p) видео преглед на денот со хибридниот автоматски режим. Со функцијата за креативни снимки лесно можете да бидете креативни, бидејќи таа автоматски создава 5 дополнителни и уникатни слики од оригиналната снимка. Со зголемување на вашата самодоверба може да преземате целосна креативна контрола.

  • Едноставно користење и удобност

    Уживајте во постабилни слики при максимален зум и фотографирајте удобно во подолги временски периоди, благодарение на подобрениот ергономски држач. Следете ги далечните објекти при голем зум со допирање едно копче со помош на функцијата за помош за обликување на кадарот и користете ја функцијата за помош за обликување на кадарот со заклучување на зумот за да добиете неверојатно стабилен кадар во кој вашиот објект ќе биде во фокус и ќе биде централно поставен.

Спецификации

  • 50x извонреден зум со извонреден широк агол

  • Зумирајте до 100x со одличен квалитет

  • CMOS сензор со 20,3 мегапиксели

  • Порамномерни видео снимки со 1080p

  • Снимајте кратки записи со ефекти за репродукција

  • Едноставно фотографирање со краток видео преглед

  • Контрола на решетка и брзина на бленда

  • Безжично споделување и правење резервна копија на слики

  • NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

  • Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

  • Брзо континуирано фотографирање

  • Лесно пронаоѓање на вашиот објект при максимален зум

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Дополнителна контрола

  • Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi

  • Означувајте ги снимките со Smartphone уреди со GPS

  • Контролирајте го фотоапаратот со паметен телефон

  • 6 различни слики од една снимка

  • 7,5 cm (3,0") LCD екран

  • Извршете пренос кон Canon Connect Station со само еден допир

PowerShot_SX540

Што содржи кутијата

  • Дигитален фотоапарат PowerShot SX540 HS

  • Ремен за на врат NS-DC11

  • Капаче за објектив (со ременче)

  • Батерија NB-6LH

  • Полнач за батерии CB-2LYE

  • AC кабел

  • Комплет со упатство за користење