Креативност во стил на DSLR во компактен уред со голем сензор и опции за поврзување
Со сензор од тип 1,0, осветлен објектив со f/1.8-2.8 од Canon и врвна обработка со DIGIC 7, овој компактен фотоапарат со џебна големина и голем сензор нуди креативност во стил на DSLR кога снимате и фотографии и Full HD видеоснимки
Запознајте се со PowerShot G7 X Mark II
Врвен квалитет на слика при секакви услови на осветлување, со џебна големина

Врвни снимки при секакви услови на осветлување
Уживајте во прекрасни, остри и јасни снимки при секакви услови на осветлување, благодарение на HS системот кој нуди комбинација од CMOS сензор од тип 1,0 со задно осветлување и 20,1 мегапиксели и DIGIC 7 со извонредна моќ за обработка
Осветлена и прецизна оптика
Неверојатно осветлената и прецизна оптика од Canon, со објектив со f/1.8-2.8, 24mm, оптички зум до 4,2x и ISO до 12.800, создава извонредни снимки во секоја прилика


Моќна оптичка стабилизација на слика
Снимајте прекрасни и остри фотографии и стабилни видеоснимки со интелигентната оптичка стабилизација на слика со 4 чекори и технологијата Dual Sensing IS
Префинета обработка
Снимајте висококвалитетни jpeg датотеки во лоши услови со слаба осветленост, благодарение на префинетата обработка со DIGIC 7, а добијте и вградена корекција на дифракцијата во стил на EOS и автоматска оптимизација на осветлувањето

Континуирано фотографирање
Доловувајте спонтани моменти околу вас со неверојатно брзиот AF со 31 точка и брз одзив, или снимајте движења со непроменета брзина од 8 fps во RAW формат

Снимање Full HD видеоснимки и фотографии со истите одлични перформанси

Неограничена креативност
Изразувајте се неограничено со креативната контрола врз решетката, брзината на блендата и ISO кога го користите режимот за рачно снимање
Остар фокус
Добивајте неверојатно остар фокус при рачно користење со функцијата за издвојување со MF или користете ја функцијата за AF со допир за да создадете филмски ефекти со фокусирање


Стабилни видеоснимки дури и во движење
Снимајте неверојатно стабилни видеозаписи при максимален зум, дури и кога се поместувате или кога трчате, со напредната динамичка стабилизација на слика со 5 оски која го елиминира тресењето на фотоапаратот и со функцијата за автоматско порамнување на ниво која ви помага да добиете прави хоризонти
Професионален квалитет
Снимајте Full HD 60p видеоснимки со професионален квалитет без напор благодарение на креативната флексибилност на различните стапки на слики, вклучувајќи 24, 25, 30, 50 и 60 fps

Споделете ги вашите прекрасни дела со целиот свет
Едноставно и брзо поврзување

Далечинско фотографирање


Canon Connect Station
Допрете го G7 X Mark II до Connect Station за да го поврзете преку NFC и да ги складирате вашите фотографии и видеоснимки на едноставен начин, а потоа споделете ги со другите преку HD телевизор, социјални медиуми или онлајн албуми.
Едноставно и практично
Копчето за Wi-Fi ви нуди брз и едноставен пристап до функциите за Wi-Fi на фотоапаратот, а можете и да го полните фотоапаратот додека работите или пребарувате на интернет преку стандардните USB полначи за паметни телефони или преку компјутер

Неверојатно едноставна контрола

Префинети и прилагодливи контроли
Уживајте во креативна контрола со прилагодливиот контролен прстен на објективот со двојна функција. Избирајте помеѓу рамномерно и чекорно функционирање за да ги прилагодите поставките за експозицијата или фокусот
Интуитивен екран на допир кој се закосува нагоре
Фотографирајте од различни агли и уживајте во интуитивно ракување на допир преку големиот екран на допир од 7,5 cm (1040k sRGB точки) кој се закосува нагоре


Поддршка за RAWУживајте во беспрекорна интеграција со работните процеси на EOS благодарение на стиловите на слика и фотографирањето во RAW формат со 14 бита
Вградена конверзијаВградената обработка на RAW овозможува најдобар можен квалитет за споделување слики кога не сте во домот
Создаден за креативност без напор
Видеоснимки со забрзани движења

Режим за ѕвезди и рачен HDR режим


Дефокусирани заднини
Снимајте прекрасно заматени заднини со одличната контрола врз длабочината на полето благодарение на големата решетка со 9 сечила и големиот сензор
Галерија
* Поврзувањето преку Wi-Fi и функциите се различни во зависност од моделот и регионот.
Спецификации

Широк отвор на блендата низ целиот опсег на зумот

Голем сензор за врвни резултати

Моќна обработка со DIGIC

Порамномерни видео снимки со 1080p

Контрола на решетка, бленда и ISO при снимање видео

Стабилни слики и видеоснимки во секоја прилика

Безжично споделување и правење резервна копија на слики

NFC го олеснува споделувањето со паметни телефони

Едноставен пристап до функциите за Wi-Fi

CMOS со 20,1 мегапиксели

4,2x оптички зум со широк агол

Брза и интуитивна контрола

Извонредно брз AF и континуирано фотографирање во RAW

Едноставна обработка на RAW датотеки без компјутер

Снимајте ги подвижните сцени на креативен начин
Препорачано за вас
Дополнителна опрема
Може да ви се допадне и следното...
Wi-Fi
Дознајте повеќе за палетата на компактни фотоапарати со Wi-Fi од Canon.
Регистрирајте го вашиот производ
Кажете ни повеќе за Вас и регистрирајте се за да го добивате списанието You Connect на Canon - исполнето со инспирации, новости и совети.