Directional Stereo Microphone DM-E1

Снимајте видеоснимки со врвен и јасен звук користејќи го овој квалитетен насочувачки стерео микрофон од Canon, кој се одликува со компактен, лесен и долгнавест дизајн што доловува звуци од различни насоки.

Придобивки

  • Надворешен насочувачки стерео микрофон за EOS фотоапарати*
  • Широк фреквентен опсег и голема чувствителност за богат и детален звук
  • Три режими за насочување за снимање различни објекти
  • Додатокот против потреси и заштитата од ветар го намалуваат несаканиот шум
  • Компактен и лесен дизајн кој е практичен за носење

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon Directional Stereo Microphone DM-E1

Надворешен микрофон со долгнавест дизајн


Насочувачкиот стерео микрофон DM-E1 има долгнавест дизајн и обезбедува висококвалитетен звук за видеоснимките. Лесно се поставува на приклучоците за блиц, а се поврзува преку влезот за микрофони од 3,5 mm со кој се одликува обемната палета на компатибилни фотоапарати EOS*.

Богат и реалистичен звук


Снимајте богат и реалистичен звук, како на пример, целиот тонски опсег од музичките настапи - почнувајќи од високите фреквенции на виолините и флејтите па сè до ниските фреквенции на контрабасите и бас-гитарите - со опсег на снимање од 50 Hz до 16 kHz. Чувствителноста од -42 dB ви овозможува да ги доловите дури и најтивките звуци.

Снимање од различни насоки


Збогатете ги вашите видеоснимки со импресивен звук благодарение на трите режими за снимање звуци. Преминувајте помеѓу режимите од 90° и 120° без напор за да добиете висококвалитетен стерео звук во простории со различни големини или користете моно режим за јасно снимање на објектите кои говорат директно кон фотоапаратот без да ги снимите пречките од опкружувањето.

Висококвалитетни звуци


Снимајте јасен и висококвалитетен звук без непријатен шум, благодарение на додатокот против потреси кој ги спречува вибрациите што се појавуваат поради ракување со фотоапаратот и објективот. Испорачаната заштита од ветар значително го намалува шумот предизвикан од ветрот, а соодносот од 66 dB помеѓу сигналот и шумот го намалува шумот од пречките во заднина.

Практичен за носење


Компактен и лесен дизајн што овозможува практично носење на микрофонот, без разлика каде одите. Во комбинација со фотоапаратот и објективот, создава една целина што ви овозможува удобно рачно снимање во долги временски периоди. Лесната литиумска батерија во вид на монета придонесува за минимална тежина.

*Не се препорачува за употреба со EOS-1D Mark IV и EOS 550D, бидејќи тие модели немаат рачна контрола за јачината на звукот за влезот за микрофонот

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon Directional Stereo Microphone DM-E1, неговите функции и можности.

  • Насочувачки стерео микрофон DM-E1
  • Заштита од ветар за DM-E1
  • Прирачник со инструкции
  • Гаранција