DSLR-фотоапарати

Canon EOS 550D

Фотографии или видео снимки, снимете ја вашата приказна

Придобивки

  • APS-C CMOS сензор со 18 MP

  • DIGIC 4

  • ISO 100-6400, H:12800

  • Снимање до 3,7fps

  • Full HD видео снимки

  • 7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран со 1.040k точки

  • iFCL мерење

  • Екран за брза контрола

  • Надв. Приклучок за микрофон

  • Отсекување видео снимки

Детални карактеристики

  • 18 MP CMOS сензор

    Идеален за корисниците на кои им е потребно печатење со големина на постер – или сакаат да вршат отсекување на сликата без да ги загубат потребните детали – 18MP CMOS сензорот на EOS 550D се одликува со многу мал шум на сликата и дава исклучителни резултати при слаба осветленост.

  • DIGIC 4

    DIGIC 4 процесорот на Canon работи во комбинација со CMOS сензорот за постигнување на 14-битна обработка на сликата, заради добивање на рамномерна градација на тоновите и природен изглед на боите. DIGIC 4 исто така нуди напредно намалување на шумот при снимање со високи ISO брзини, плус брзо вклучување за дел од секундата и речиси моментално прегледување на сликите по снимањето.

  • Висока ISO чувствителност при недоволна осветленост

    За ситуациите со недоволна осветленост, EOS 550D се одликува со ISO опсег до 6400 – со можност за проширување до 12800 за средините во кои користењето блиц е непожелно.

  • Снимање на Full HD видео

    EOS 550D нуди комбинација на фотографирање со врвен квалитет и можност за снимање на Full HD (1080p) видео. За да ја задоволите вашата креативност, EOS 550D се одликува со целосна рачна контрола и избор на стапка на слики. Исто така, може да снимате видео снимки со 50/60fps и 720P со голема брзина кога дејството брзо се одвива. HDMI поврзувањето овозможува High Definition репродукција на видео содржини и фотографии на кој било HD телевизор. Исто така, репродукцијата со компатибилни телевизори може да се контролира со користење на далечинскиот управувач од телевизорот.

  • 7,7cm (3,0”) 3:2 Clear View LCD екран

    7,7cm (3,0”) 3:2 ClearView LCD екранот кој содржи импресивни 1.040.000 точки ќе ви овозможи зголемена јасност и детална проверка на фотографиите и видео снимките. Префрлете се во режимот на прегледување во живо и контролирајте ја сликата во реално време при снимање од незгодни агли.

  • iFCL систем на мерење

    Новиот двослоен сензор за мерење со 63 зони ги анализира информациите за фокусот, боите и осветленоста, обезбедувајќи прецизно и постојано мерење.

  • Екран за брза контрола

    Достапен со користење на наменско копче, тој обезбедува едноставен пристап до често употребуваните функции, овозможувајќи ви да ја направите снимката во вистински момент.

  • Надворешен приклучок за микрофон

    Додадете дополнителен микрофон за подобар квалитет на звукот користејќи го 3,5mm стерео приклучокот.

  • Отсекување видео снимки

    Снимајте VGA видео снимки со 7x ефективен зум. Отсекувањето видео снимки го користи само централниот дел од сензорот и овозможува снимање на голема оддалеченост без потреба за менување на објективи.

  • Креирајте систем за снимање кој е исто толку уникатен колку и вие

    EOS 550D е компатибилен со комплетната палета на Canon EF и EF-S објективи и Speedlite блицеви од EX серијата.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Обликувајте ги сликите со помош на големиот LCD екран

  • Континуирано фотографирање

  • Изборни AF точки за креативно обликување

  • Го заштитува вашиот сензор од прав

  • Подготвени во секое време

  • Применете различни стилови за вашите фотографии

  • Најголем избор на објективи

  • Објективи кои се специјално дизајнирани за APS-C сензори

  • Експериментирајте со EOS системот