DSLR-фотоапарати

Canon EOS 700D

Снимајте врвни фотографии и видеоснимки со сензор од 18 мегапиксели и интуитивен екран на допир со променлив агол.

Придобивки

  • Создавајте висококвалитетни слики со мал шум кои се исполнети со детали

  • Снимајте фотографии со 18 мегапиксели и Full-HD видео снимки со истиот фотоапарат

  • Режимот Servo AF за видео го задржува фокусот врз подвижните објекти додека снимате видео записи

  • Снимајте од поинакви агли со Vari-Angle Clear View LCD II екранот на допир

  • Фотографирајте брзо и едноставно со автоматското интелигентно откривање на сцени

Детални карактеристики

  • Врвен квалитет на слика

    Доловете ги сите детали со хибридниот CMOS AF сензор со 18 мегапиксели. EOS 700D создава слики со мал шум кои можете да ги печатите во големи димензии или да ги отсекувате со цел да добиете поинакви композиции.

  • Изработувајте проекти со Full HD видео снимки

    Снимајте видео записи со резолуција од 1080p и уживајте во соодветното ниво на автоматска или рачна контрола кое ви одговара. Технологијата за хибриден AF овозможува континуирано фокусирање при снимање видео снимки, а EOS 700D нуди речиси бесчуен Servo AF режим за видео при користење на STM објективи. Снимајте стерео звук со вграден или надворешен микрофон.

  • Бидете во чекор со динамичните случувања

    Следете ги подвижните објекти дури и ако се движат низ целата сцена со помош на систем за автоматско фокусирање кој е составен од 9 вкрстени AF точки. Континуираното фотографирање со брзина од 5 fps за групно снимање до 22 снимки значи дека никогаш нема да го пропуштите одлучувачкиот момент.

  • Откријте нови агли

    Обликувајте го кадарот на фотографиите и видео снимките од нови и интересни агли со помош на Vari-angle Clear View LCD II екран на допир од 7,7cm (3,0”) со сооднос на слика од 3:2 на EOS 700D. Снимајте над група луѓе или одлучете се за извонредна гледна точка од ниско ниво.

  • Контрола преку екран на допир

    EOS 700D може едноставно да се користи од моментот кога за прв пат ќе го земете во раце. Фотографирајте и фокусирајте со еден допир врз екранот на допир на фотоапаратот и користете гестикулации како штипнување и преминување со прстите преку екранот за да се движите низ сликите додека ги прегледувате.

  • Автоматско интелигентно откривање на сцени

    Снимајте одлични слики на едноставен начин. Режимот за автоматско интелигентно откривање на сцени од Canon ја анализира сцената и автоматски ги избира најсоодветните подесувања за фотоапаратот.

  • Зачекорете кон зголемување на креативноста

    Разгледајте ја и изберете од палетата на ефекти од креативни филтри, во кои спаѓаат и црно-бела зрнеста текстура, фотоапарат-играчка и минијатурен ефект. Режимите за тематски сцени автоматски ги избираат правилните подесувања за објектот кој се фотографира, додека креативниот автоматски режим нуди поголема контрола врз фактори како заматување на заднина, преку интуитивен интерфејс.

  • Преземете ја целосната контрола

    Кога ќе бидете подготвени да напредувате во фотографирањето, изберете приоритет на решетка, приоритет на бленда или рачен режим за целосно да ја преземете контролата врз вашите слики.

  • Перформанси при слаба осветленост

    Снимајте одлични слики дури и при слаба осветленост, без да користите блиц со цел да го доловите вистинскиот амбиент на сцената. EOS 700D се одликува со опсег на чувствителност со ISO вредности од 100-12800 (може да се прошири до ISO 25600).

  • Одлични резултати во тешки услови

    Режимот за контролирање на HDR задното осветлување овозможува снимање на три слики со различни експозиции кои се комбинираат во една слика, задржувајќи ги деталите во сенките и осветлените површини. Режимот за рачно снимање на ноќни сцени кај EOS 700D овозможува снимање на повеќе слики со голема брзина на блендата кои меѓусебно се спојуваат за добивање на резултати без заматување.

  • Истражувајте со EOS системот

    Подобрете го вашето фотографирање уште повеќе со огромната палета на објективи, дополнителна опрема и блицеви кои го сочинуваат EOS системот.

Спецификации

  • CMOS сензор со 18 мегапиксели

  • Одлични снимки при слаба осветленост

  • Фотографирање со голема брзина

  • Континуиран AF при снимање видео снимки

  • Голем осветлен екран на допир за јасно прегледување

  • Моќна обработка со DIGIC

  • Пренослив екран за креативно обликување

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Автоматско анализирање на вашата сцена и избирање на најдобрите подесувања

  • Водич за фотоапаратот кој ќе ви помага

  • Употребете креативни ефекти на вашите слики

  • Обезбедува правилна експозиција на сликите во секакви услови на осветлување

  • Направете поинаков изглед на вашите слики во основната зона на едноставен начин

  • Изборни AF точки за креативно обликување

  • Далечинско контролирање на Speedlite блицови прикачени на вашиот фотоапарат

  • Снимајте извонредни видео снимки на едноставен начин