Дигитални EOS SLR фотоапарати и компактни фотоапарати
Благодарение на неговиот компактен и лесен дизајн кој е идеален за патување, овој EF-S објектив за зумирање со извонредно широк агол ќе ви овозможи да опфатите повеќе во секоја снимка за да добиете прекрасни пејзажи и неверојатни слики со архитектура.
Компактен и достапен, EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II претставува идеален објектив со стандарден зум за општа намена. Неговиот стабилизатор на слика со четири чекори обезбедува одлични перформанси во услови со слабо осветлување.
Компактен телефото објектив кој ве доближува до случувањата. Стабилизацијата на слика го спречува заматувањето предизвикано од ненамерно придвижување на фотоапаратот. Технологијата STM овозможува рамномерно и тивко фокусирање при снимање на видео снимки.
Компактен блиц со високи перформанси кој обезбедува секојдневни снимки со врвно осветлување, како што се портрети, сцени во затворен простор и креативни светлосни ефекти. Идеален придружник за EOS M.
Откријте ја креативната страна на осветлувањето со Speedlite 270EX II од Canon - компактен блиц кој подеднакво лесно се користи и како надворешен блиц и кога е приклучен на приклучокот за блиц на фотоапаратот.
Одликувајќи се со безжична технологија за спореден блиц, глава со можност за одбивање/вртење и постојан извор на LED осветлување за снимање на видео, Speedlite 320EX од Canon отвора нови креативни можности за фотографите со EOS.
Моќниот и разновиден блиц Speedlite 430EX II ќе ги зголеми вашите опции за фотографирање со бројот на водич 43, можноста за спореден безжичен блиц, девет прилагодливи функции и главата за зумирање од 24-105mm.
Macrolite блиц со високи перформанси кој нуди креативни решенија за осветлување, наменет за фотографи кои снимаат слики одблиску на самата локација или во студио.
Превземете ја контролата врз осветлувањето на вашето макро фотографирање со двојниот макро светлосен прстен MT-24EX. Дизајниран за експерти во макро фотографирање, обезбедува разновидност во насоката и моќноста на осветлувањето.