Дигитални EOS SLR фотоапарати и компактни фотоапарати
Примарен објектив од 24mm со брза максимална решетка од f/2,8 кој е совршен за пејзажи, патувања и документарни фотографии. Стабилизацијата на сликата помага при слаба осветленост, а USM AF врши брзо и тивко фокусирање.
Пренослив и достапен, EF 28mm f/2,8 IS USM претставува идеален широкоаголен објектив за секаква намена кај фотоапаратите за целосни слики, а за фотоапаратите DSLR со сензори со APS-C големина претставува висококвалитетен, компактен и стандарден објектив.
Примарен објектив од 35mm со стабилизатор на слика со четири чекори и максимална решетка од f/2 - идеален за фотографирање при слаба осветленост. Ултразвучниот AF е брз и прецизен. Асферичниот елемент на објективот го зголемува квалитетот на сликата.
Разновиден, компактен објектив во вид на "палачинка". Брзата максимална решетка овозможува фотографирање при слаба осветленост и контролирање на длабочината на полето. STM нуди рамномерно и тивко автоматско фокусирање при снимање на видео снимки со компатибилнифотоапарати.
Снимајте неверојатни пејзажи и слики со архитектура користејќи го овој компактен и лесен објектив за зумирање со извонредно широк агол, високи перформанси, фиксна решетка од f/4 и стабилизација на слика. Идеален за професионалци и ентузијасти.
Разновиден објектив од 24-70mm и f/4 од серија L со макро режим и зголемување до 0,7x. Ултразвучниот AF обезбедува брзо и речиси бесчујно фокусирање. UD и асферични елементи кои нудат врвен квалитет на слика.
EF 70-300mm f/4-5.6L IS USM е дел од престижната серија L од Canon која нуди извонредни перформанси со разновиден опсег на зумот и врвен квалитет на слика, со робустен и компактен дизајн.
Компактен објектив за зумирање од 100-400mm со високи перформанси кој е идеален за оние кои фотографираат спорт, акција и животот во дивината. Стабилизаторот на слика со 4 чекори и висококвалитетната оптика овозможуваат врвна острина.
Компактен блиц со високи перформанси кој обезбедува секојдневни снимки со врвно осветлување, како што се портрети, сцени во затворен простор и креативни светлосни ефекти. Идеален придружник за EOS M.
Откријте ја креативната страна на осветлувањето со Speedlite 270EX II од Canon - компактен блиц кој подеднакво лесно се користи и како надворешен блиц и кога е приклучен на приклучокот за блиц на фотоапаратот.
Одликувајќи се со безжична технологија за спореден блиц, глава со можност за одбивање/вртење и постојан извор на LED осветлување за снимање на видео, Speedlite 320EX од Canon отвора нови креативни можности за фотографите со EOS.
Моќниот и разновиден блиц Speedlite 430EX II ќе ги зголеми вашите опции за фотографирање со бројот на водич 43, можноста за спореден безжичен блиц, девет прилагодливи функции и главата за зумирање од 24-105mm.
Macrolite блиц со високи перформанси кој нуди креативни решенија за осветлување, наменет за фотографи кои снимаат слики одблиску на самата локација или во студио.
Превземете ја контролата врз осветлувањето на вашето макро фотографирање со двојниот макро светлосен прстен MT-24EX. Дизајниран за експерти во макро фотографирање, обезбедува разновидност во насоката и моќноста на осветлувањето.
Снимајте видеоснимки со врвен и јасен звук користејќи го овој квалитетен насочувачки стерео микрофон од Canon, кој се одликува со компактен, лесен и долгнавест дизајн што доловува звуци од различни насоки.