EOS 760D

Збогатете ја вашата креативност со овој напреден DSLR, кој се одликува со професионални контроли, најсовремено поврзување преку NFC и нашите најнови технологии за врвен квалитет на слика.

Придобивки

  • Откријте го следното ниво на фотографирање со овој моќен DSLR
  • Снимајте прекрасни видеоснимки како во кино на ист начин како што снимате фотографии
  • Контролирајте го секој аспект на фотоапаратот додека фотографирате
  • Поврзете се и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки на едноставен начин преку Wi-Fi и NFC
  • Изразете ја вашата креативност максимално со напредните контроли и режими за фотографирање

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon EOS 760D

Откријте го следното ниво на фотографирање со овој моќен DSLR


Системот за автоматско фокусирање со 19 прилагодливи точки кај EOS 760D го заклучува вашиот објект за да овозможи извонредни резултати при фотографирање спортски моменти, портрети или пејзажи. Сензорот од 24,2 MP доловува неверојатни детали, така што ќе можете да ги отсекувате и зголемувате сликите за печатење, а брзиот процесор DIGIC 6 ќе се погрижи да не пропуштите ниту еден одлучувачки момент. Екранот на допир со променлив агол и панелот за приказ на горната страна ви ја нудат контролата која е потребна за да ги надминете границите на вашата креативност.

Снимајте прекрасни видеоснимки како во кино на ист начин како што снимате фотографии


Снимајте неверојатни Full HD видеоснимки со длабочина на поле како во кино со помош на технологијата за автоматско фокусирање со хибриден CMOS AF III на EOS 760D. Таа овозможува рамномерно фокусирање и следење на објекти, така што вашиот објект ќе изгледа остар и фокусиран, а заднината ќе биде прекрасно заматена. Поддршката за MP4 овозможува лесно вчитување и префрлување.

Контролирајте го секој аспект на фотоапаратот додека фотографирате


Професионалните и разновидни контроли ви овозможуваат да го контролирате фотоапаратот додека фотографирате. Интелигентниот визир ви овозможува да ги погледнете информациите за фокусот и експозицијата, а LCD екранот од горната страна ви овозможува брзо да ги проверите поставките и брзо да ги прилагодите со задното контролно вртливо копче. LCD екранот на допир со променлив агол ви помага при обликувањето на кадарот на вашите снимки и при фотографирањето од различни агли.

Поврзете се и споделувајте ги вашите фотографии и видеоснимки преку Wi-Fi и NFC


Споделувајте ги вашите слики веднаш со можноста на EOS 760D за поврзување преку Wi-Fi и NFC. Едноставно поврзување, прегледување и оценување на вашите најнови снимки со допирање на фотоапаратот до паметен телефон или таблет уред. Опцијата за далечинско фотографирање ви помага да снимите слики од нови агли или да фотографирате од далечина преку мобилен уред. Потоа, резултатите можете лесно да ги испечатите преку вашиот безжичен печатач PictBridge или, пак, едноставно допрете го уредот до Canon Connect Station за да префрлите сè што сте снимиле.

Изразете ја вашата креативност максимално со напредните контроли и режими за фотографирање


Сеопфатниот избор на режими за фотографирање ќе ви ги зголеми можностите за фотографирање или снимање во секакви услови на осветлување. Креативните филтри можат да се прегледуваат за време на фотографирањето ако го користите режимот за прегледување во живо, а минијатурниот ефект и режимот за видео создаваат забрзани ефекти кои наликуваат на ефектите добиени при фотографирање со закосување и поместување на објективот. Приказот со повеќе соодноси на слика ќе ви овозможат да ги визуелизирате резултатите пред да започнете да фотографирате, за да можете да ги добиете саканите снимки.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon EOS 760D, неговите функции и можности.

24.2 MP CMOS

CMOS со 24,2 мегапиксели

NFC

Моментно поврзување со компатибилни уреди со NFC

Wifi

Споделете ги вашите слики и контролирајте го вашиот фотоапарат преку WiFi

Choice of AF points for creative framing and subject tracking

Изборни AF точки за креативно обликување и следење на објектот

Континуиран AF при снимање видео снимки

5fps

Фотографирање со голема брзина

Vari angle LCD

Пренослив екран за креативно обликување

DIGIC 6

Моќна обработка со DIGIC

Stunning 1080p movies

Неверојатни видео снимки од 1080p

3_2_Clearview_LCD

Голем осветлен екран за јасно прегледување

Одлични снимки при слаба осветленост

  • Куќиште EOS 760D

  • Заштитник за очи Ef

  • Капаче за фотоапарат R-F-3

  • Широк ремен EW-100DBV

  • Батерија LP-E17

  • Капаче за батерија

  • Полнач за батерии LC-E17

  • Кабел за напојување на полначот за батерии

  • Кабел за интерфејс IFC-130U

  • Комплет со упатство за користење