EOS Remote

Зголемете ги можностите на вашиот EOS и вашиот паметен телефон.

EOS Remote е апликација за паметни телефони со Apple iOS или Android. Кога се користи со EOS фотоапарати кои се одликуваат со вграден Wi-Fi, таа прераснува во моќна дополнителна опрема која можете да ја носите во вашиот џеб. EOS Remote овозможува попрактично снимање на фотографии и проверување на слики.

Карактеристики

Креативните можности за фотографирање се зголемуваат доколку ја користите функцијата за далечинско управување со прегледување во живо, а со тоа фотографирањето станува уште позабавно. Апликацијата EOS Remote нуди можност за брзо проверување на фотографиите во фотоапаратот преку smartphone уред. На вашиот smartphone уред ќе можете да префрлувате и зачувувате слики, па дури и да ги споделувате со пријателите или семејството.

EOS Remote овозможува поврзување преку пристапни точки (инфраструктура), но може да се користи дури и во опкружувања без пристапни точки, доколку имате само фотоапарат или smartphone уред. Може да се користи на места каде што нема Wi-Fi мрежи, како што се места надвор од градовите, покрај мориња, во планини или подземни студија, како и во возови и автомобили каде што тешко може да добиете сигнал.

Поедноставно снимање на групни фотографии на кои го има и фотографот.

Со опцијата за прегледувањето во живо, може да проверувате слики од оддалечени локации.

Проверете ги вашите фотографии набрзина без да го извадите фотоапаратот од торбата.

Секој ваш пријател може да ги избере и зачува сликите кои му се допаѓаат.

Детали за EOS Remote (ве молиме имајте предвид дека изгледот на апликацијата за Android и апликацијата за iOS може да биде различен.)

Почетно мени на EOS Remote

(a) Подесување на апликации
(b) Прегледување на слики во самиот фотоапарат / Префрлување и зачувување на слики
(c) Далечинско прегледување во живо / Далечинско активирање на блендата
(d) Водич за поврзување преку Wi-Fi

Далечинско прегледување во живо

Може да снимате фотографии преку екранот на вашиот smartphone уред со помош на функцијата за далечинско прегледување во живо.

(a) Копче за [враќање на почетно мени]
(b) Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на приказот на податоци за сликата
(c) Копче за [заклучување на ротација]
(d) Копче за [активирање/деактивирање на прегледувањето во живо]
(e) Син кадар: AF кадар
(f) Бел кадар: проширен кадар
(g) Копче за [проширување/смалување на површината за приказ]
(h) Копче за [приказ на мали сликички од фотографиите]
(i) Копче за [фокусирање (половично притиснување на копчето за бленда)]
    (Скриено по зададени подесувања. Подесете го приказот преку екранот за подесувања на апликацијата)
(j) Копче за [активирање на блендата]
(k) Копче за подесување на фотографирањето

 

Може да ги контролирате параметрите Tv, Av, ISO и експозицијата според подесувањата на режимот на фотоапаратот.

прегледување_во_живо01

(лева слика) Притиснете го копчето за [подесувања на фотографирањето] за да се прикаже копчето за прилагодување на подесувањата.
(десна слика) Изберете го подесувањето кое сакате да го прилагодите

прегледување_во_живо02

На екранот ќе се прикажат голем број подесувања. Тие може да се прилагодат на интуитивен начин, благодарение на екранот на допир.

Преку екранот на smartphone уредот може да го проверите фокусот и да ракувате со автоматскиот фокус. Исто така, преку smartphone уредот може да го проверите и проширувањето на фокусот.

Изберете површина на фокусирање со допир.
Бел кадар: проширен кадар
Син кадар: AF кадар

Проширете го кадарот за фокусирање со двоен допир.

Допрете го копчето за фокусирање кога кадарот ќе биде таму каде што сакате.

Кадарот ќе светне во зелена боја.

Можете далечински да ја активирате блендата преку smartphone уред. Постојат два режими на бленда кои може да ги изберете:

Со копче за фокусирање
(a) Копче за фокусирање (половично притиснување на копчето за бленда)
(b) Копче за далечинско активирање на бленда
Копчето за фокусирање не се прикажува по зададени подесувања. Може да го подесите да се прикажува преку екранот за подесување на апликацијата.

Без копче за фокусирање
(c) Копче за фокусирање + активирање на бленда
Само притиснете го копчето за автоматско фокусирање и активирајте ја блендата.

Копче за фокусирање (половично притиснување на копчето за бленда):
Со притиснување на копчето, бојата на кадарот за фокус станува сина

Копче за активирање на блендата:
Ако го придвижите вашиот прст до копчето за активирање на блендата, без да го отпуштите копчето за фокусирање, тогаш ќе снимите фотографија со правилен фокус.

Прегледување на слики во самиот фотоапарат

Овозможува брзо и едноставно гледање на сликите во вашиот фотоапарат преку вашиот smartphone уред. Овозможува едноставно прегледување, оценување или бришење на сликите во фотоапаратот, на ист начин како да сте го отстраниле задниот LCD екран на фотоапаратот.

Во прозорци
(a) Подреди
(b) Прескокни

Табела (со информации за слики)

Можете да го менувате редоследот на сликите по фолдер, оценка или датум, по растечки или опаѓачки редослед.

Веднаш преминете на посочениот фолдер.

Допрете некоја слика за да ја изберете. Потоа ќе се прикажат податоците. Можете да ги погледнете и информациите за фотографијата.
(c)Зачувај во smartphone уред
(d)Испрати ја сликата преку e-mail
(e)Оценување
(f)Избриши ја сликата од фотоапаратот

Префрлување и зачувување на слики

На вашиот smartphone уред ќе можете да префрлувате и зачувувате слики од вашиот фотоапарат, а потоа и да ги споделувате. При префрлување на сликите во smartphone уредот, тие ќе се зачуваат во оптимална големина за подеднаков квалитет и брзина на префрлување, а RAW сликите ќе бидат претворени во JPG. Сите слики со поголема резолуција од S2(1920x1280), ќе ја променат својата големина во S2 JPG и ќе бидат префрлени во smartphone уредот. Видео фајловите Mov не може да се префрлат. Може да се прикажат само мали сликички.

Допрете го копчето за "Активирање" на долната лева страна од екранот со мали сликички.

Изберете [Зачувај во фотоапарат] од прикажаното мени.

По избирање на сликите, изберете [Зачувај] на долната лева страна

Зачувувањето е завршено!

Преземање

Достапна наскоро во следните продавници за апликации.

[LOCAL] Слика_Лого ознака на продавница за апликации

[LOCAL] Слика_Google Play

Предуслови

Фотоапарат од Canon

Оперативни системи на smartphone уреди

  • Apple iOS: 5.0 или понов
  • Android OS: 2.3.3 или понов

Поддржани модели

  • Apple iOS: 5.0 или понови модели
  • Android OS: 2.3.3 или понови модели (smartphone уреди)
  • *Не гарантираме правилно функционирање кај таблет уредите