Одликувајќи се со повеќенаменски опсег за зумирање од широк агол до телефото, и вклучувајќи стабилизатор на слика со 4 чекори од Canon, EF-S 18-135mm f/3,5-5,6 IS обезбедува целосна разноврсност независно какви се вашите потреби.
Погледнете подетални информации за Canon EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS
Одликувајќи се со ефективен опсег на фокусни должини од приближно 29-216mm во 35mm еквивалент, EF-S 18-135mm f/3,5-5,6 IS нуди комбинација на поголемиот дел од најпопуларните фокусни должини во еден објектив. Без разлика дали ви е потребно широкоаголно зумирање за пејзажите, или телефото за спортските денови, EF-S 18-135mm f/3,5-5,6 IS ќе ги задоволи вашите потреби.
EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS е опремен со стабилизатор на слика (IS) со 4 чекори од Canon. Идеален за услови на слаба осветленост, кога не може да се користи статив. Системот за стабилизирање на сликата овозможува употреба на брзини на блендата кои се побавни од норамалните до 4 чекори, без предизвикување заматеност на сликата.
EF-S 18-135mm f/3,5-5,6 IS исто така се одликува со новиот надворешен дизајн за објективи на Canon, со завршна обработка со текстура за добивање на софистициран изглед и чувство што одговараат на вашиот EOS фотоапарат.
Новиот DC мотор за автоматско фокусирање во комбинација со брзата CPU единица и подобрениот AF алгоритам овозможува брзо и прецизно автоматско фокусирање.
Super Spectra облогите за објектив од Canon се користат за спречување на одблесок и привидни облици. Тие почесто се јавуваат кај дигиталните фотоапарати заради одбивање на светлината од сензорот на сликата. Употребата на оптимизирана облога на објективот ја спречува појавата на одблесок и привидни облици, и обезбедува одличен баланс на боите и врвен контраст.
Кружниот отвор на блендата со 6 сечила овозможува пријатно заматување на позадината. Ова може да се користи за подобрување на портретите преку креативно заматување на деталите од позадината, со што ќе се издвои главниот лик.
Дознајте повеќе за Canon EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS, неговите функции и можности.