Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS
Сенаменскиот телефото зум за EOS фотоапарати со монтиран EF-S.
Сенаменскиот телефото зум за EOS фотоапарати со монтиран EF-S.
Компактниот и пристапен EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS нуди моќни телефото перформанси. Неговиот стабилизатор на слика со 4-запирања, со автоматско откривање на швенк, ефикасни го потиснува замачкувањето при слабо светло.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
Пристапен телефото објектив за зумирање
-
88-400mm еквивалентна фокална должина
-
Стабилизатор на слика со 4-запирања, со автоматско откривање на швенк
-
UD елемент
-
Облоги Super Spectra
-
Циркуларна дијафрагма
Детални карактеристики
-
пристапен, моќен телефото зум
EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS е телефото објектив за зумирање, кој комбинира моќни перформанси со висок квалитет на сликата. Со еквивалент на фокална должина од 88-400mm во 35mm формат, тој е идеален за фотографите кои бараат пристапен, разновиден објектив за општа телефото фотографија.
-
Стабилизатор на слика со автоматско откривање на швенк
За да се совладаат ефектите од тресењето на фотоапаратот, EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS ја има најновата технологија на Canon за стабилизација на сликата со компензација во 4-запирања. Ова го овозможува користењето на брзини на затворачот побавни до 4 пати, без забележливо зголемување на замачкувањето на сликата. Автоматското откривање на швенк автоматски го исклучува стабилизаторот на сликата во хоризонтална или во вертикална насока, кога се следат предмети.
-
UD елемент на објектив
EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS има Canon UD (ултра-ниска дисперзија) елемент на објектив, за да ги потиснува ефектите од секундарни хроматски аберации - за свежи, остри слики со висок контраст, без да се појавување на рабови ширум опсегот на зумирање.
-
Облоги Super Spectra
Облогите на Canon Super Spectra ги совладуваат и појавата на двојна слика и блескањето, со тоа што го апсорбираат светлото кое може да се рефлектира од сензорите на дигиталниот фотоапарат или од внатрешните елементи на објективот. Облогите Super Spectra можат и да помогната во обезбедување точен баланс на бојата и резултати со остар, висок контраст.
-
Циркуларна дијафрагма на бленда
За слики направени со отворена бленда, циркуларната дијафрагма на блендата креира меко, рамномерно боке (замачкување во позадината) - идеално за да се истакнат сликаните предмети во однос на позадините кои го одвлекуваат вниманието.
-
Безоловно стакло
Во конструирањето на EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS користено е само еколошки подносливо, безоловно стакло.
-
Прибор
EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS се испорачува со капак за објектив и со капак за прав. Покрив за објектив (EW-60) и футрола за објектив (LP1019) се достапни како прибор по избор.