Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS II

EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS II

Компактниот и достапниот EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II нуди моќни телефото перформанси. Неговиот стабилизатор на слика со 4-запирања, со автоматско откривање на швенк, ефикасно го потиснува заматувањето при слабо светло.

Придобивки

  • Пристапен телефото објектив за зумирање
  • 88-400mm еквивалентна фокална должина
  • Стабилизатор на слика со 4-запирања, со автоматско откривање на швенк
  • UD елемент
  • Super Spectra облоги
  • Циркуларна дијафрагма

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS II

пристапен, моќен телефото зум


EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II е објектив за телефото зумирање кој нуди комбинација од моќни перформанси и висок квалитет на слика. Со еквивалент на фокална должина од 88-400mm во 35mm формат, тој е идеален за фотографите кои бараат пристапен, разновиден објектив за општа телефото фотографија.

Стабилизатор на слика со автоматско откривање на швенк


За спречување на ефектите на тресење на фото апаратот, EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II ја применува технологијата на Canon за стабилизација на слика со компензација од 4 чекори. Ова го овозможува користењето на брзини на затворачот побавни до 4 пати, без забележително зголемување на замачкувањето на сликата. Автоматското откривање на швенк автоматски го исклучува стабилизаторот на сликата во хоризонтална или во вертикална насока, кога се следат предмети.

UD елемент на објектив


EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II располага со UD (ултра ниска дисперзија) елемент на објектив од Canon за намалување на ефектите од секундарната хроматска аберација – за добивање на јасни и остри слики со висок контраст без рабови низ целиот опсег на зумот.

Облоги Super Spectra


Облогите на Canon Super Spectra ги совладуваат појавата на двојна слика и блескањето, со тоа што го апсорбираат светлото кое може да се рефлектира од сензорите на дигиталниот фотоапарат или од внатрешните елементи на објективот. Облогите Super Spectra можат и да помогнат во обезбедувањето на точен баланс на бојата и резултати со остар, висок контраст.

Дијафрагма на бленда со кружен отвор


Кај снимките снимени при голем отвор на блендата, дијафрагмата на блендата со кружен отвор создава рамномерно и еднакво заматување - идеално за истакнување на објектите кои се снимени со позадина која го одвлекува вниманието.

Безоловно стакло


При изработката на EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II се користи само еколошко безоловно стакло.

Дополнителна опрема


EF-S 55-250mm f/4-5,6 IS II се испорачува со капаче за објективот и капаче за прав. Покрив за објектив (EW-60) и футрола за објектив (LP1019) се достапни како прибор по избор.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS II, неговите функции и можности.