EF 135mm f/2,8 е уникатен објектив. Неговата контрола за мек фокус овозможува подесување на острината, што го прави идеален за портрети, а мекото осветлување може да ги подобри тоновите на кожата за да добиете прекрасни резултати.
Погледнете подетални информации за Canon EF 135mm f/2.8 (with Softfocus)
EF 135mm f/2,8 се одликува со функцијата за мек фокус од Canon. Со
оваа функција, фотографот може да избира помеѓу две подесувања за
мек фокус, а исто така и стандардно да го користи објективот за
добивање на неверојатно остри резултати.
Вградениот AF мотор нуди брзо автоматско фокусирање со високи
перформанси. Електромагнетната дијафрагма на објективот овозможува
неверојатно прецизна контрола при позиционирање на решетката.
Слоевите Super Spectra обезбедуваат прецизно балансирање на боите и
зголемен контраст. Исто така, ги намалуваат одблесоците и
имагинарните облици - проблем кој често се јавува поради
светлината која се одбива од сензорот на фотоапаратот.
Дијафрагмата на блендата со приближно кружен отвор внесува помеко и
порамномерно чувство во областите кои не се во фокус.
Острофокусираните објекти во предниот дел од сликата се истакнуваат
наспроти рамномерно заматената заднина.
Дознајте повеќе за Canon EF 135mm f/2.8 (with Softfocus), неговите функции и можности.