Дополнителна опрема за EOS

Canon Speedlite 600EX-RT

Моќен блиц кој може да се користи и кога е прикачен и кога не е прикачен на фотоапаратот. Вграденото активирање со радиофреквентни бранови нуди далечинско контролирање на осветлувањето на растојанија до 30m.

Придобивки

  • Активирање со радиофреквентни бранови на далечина до 30m

  • Користете до 15 уреди заедно

  • Вграден оптички спореден блиц

  • Далечинско активирање на фотоапаратот

  • Контрола за одбивање и вртење со главата за зумирање од 20-200mm

  • Број на водич 60 (m, ISO 100, при 200mm)

  • Филтери за корекција на балансот на белата боја

  • Брзо, тивко обновување

Детални карактеристики

  • Активирање со радиофреквентни бранови со голем опсег

    Speedlite 600EX-RT се одликува со вградено активирање со радиофреквентни бранови и нуди сигурен надворешен блиц на оддалеченост до 30m, дури и зад агли. Достапни се 15 фреквентни канали, само изберете го оној кој има најдобар прием за локацијата во која фотографирате.

  • Осветлување со повеќе блицеви

    Користете до 15 Speedlite блицеви 600EX-RT заедно за возбудливо фотографирање со повеќе блицеви – совршено кога фотографирате големи предмети, ентериери или портрети. Блицевите може да се постават во една од три групи (до пет при активирање со радиофреквентни бранови), кои можат да се контролираат поединечно или сите одеднаш.

  • E-TTL II мерење

    Без разлика дали го користите Speedlite 600EX-RT кога е прикачен на фотоапаратот или далечински, E-TTL II мерењето на блиц од Canon ќе обезбеди прецизна експозиција при секој обид.

  • Далечинско активирање на фотоапаратот

    Позиционирајте го вашиот EOS фотоапарат секаде каде што ќе посакате и активирајте го со Speedlite 600EX-RT на растојание до 30m. Само опремете го фотоапаратот со Speedlite предавател ST-E3-RT за активирање со радиофреквентни бранови или втор Speedlite 600EX-RT блиц за да уживате во возбудливи алтернативни гледни точки. Може да се активираат до 15 фотоапарати одеднаш за да добиете синхронизирано фотографирање.

  • Креативни режими на блиц

    Синхронизацијата на блицот со голема брзина му овозможува на Speedlite 600EX-RT да работи при секоја брзина на блендата – совршено за дополнувачки блиц во сончевите денови. А зошто не се обидете со блиц со втора завеса или стробоскопски блиц за специјални светлосни ефекти?

  • Брзо, моќно ракување

    Со број на водич 60 (ISO 100, m), Speedlite 600EX-RT е доволно моќен за да осветли големи површини, дури и кога светлината се одбива од ѕидовите и таванот. Четирите AA/LR6 батерии овозможуваат тивко обновување за само 0,1 сек.

  • Функции за одбивање, вртење и зумирање

    Насочете ја главата на блицот Speedlite 600EX-RT нагоре или во страна за одбивање на блицот од таванот или ѕидовите и добијте помек пристап за осветлување на портрети. Главата за зумирање овозможува усогласување на аголот на покриеност со објективот кој се користи, максимизирајќи ја ефикасноста на блицот

  • Професионални функции, интуитивен дизајн

    Speedlite 600EX-RT се одликува со истата заштита од временски услови како и професионалниот DSLR фотоапарат EOS-1D X од Canon и голем осветлен LCD екран со матрица со точки кој нуди брзо и едноставно ракување.