Canon EOS C300 Mark II

Значително подобрување во креативното снимање

Издржлива, моќна и практична! EOS C300 Mark II нуди снимање на неверојатни 4K/Full HD видеоснимки со неверојатен динамички опсег со 15 чекори, снимање во RAW формат и Canon Log2 за реализирање на вашата креативна визија.

0%

    Ви ја претставуваме EOS C300 Mark II

    Снимајте и гледајте нови нивоа на квалитет на слика

    capture and see

    Снимајте врвни слики со висока резолуција

    Напредниот CMOS сензор со 8,85 MP и извонредни 35 mm од Canon, специјално дизајниран за снимање видео, нуди врвни слики со висока резолуција и чувствителност, мал шум и исклучителни детали.

    Full control

    capture and see

    XF-AVC кодек кој нуди многу разновидни опции

    Уживајте во обемна палета на креативни опции за висококвалитетно снимање со кодекот XF-AVC H.264 кој има разновидна примена. Снимајте неверојатни 4K видеоснимки со најмногу 410 Mbps/10 бита за едноставна интеграција во постоечките 4K работни процеси и изберете ја лесно комбинацијата од резолуција и вид на кодек која најмногу ќе одговара за вашата работа.

    Напредна обработка на Full HD слики

    Обработката со прекумерно семплирање во HD претставува напреден алгоритам за обработка на слики кој ефикасно ја искористува огромната моќ за снимање 4K слики при снимање Full HD видео. Камерата снима 4K слика, RGB каналите се делат на три посебни 4K сигнали со 8 мегапиксели, а потоа резолуцијата на 4K RGB сигналите се намалува во Full HD (1920x1080). На овој начин се подобрува резолуцијата што ја гледате и ќе можете да снимите значително појасна Full HD слика.

    bayer

    Слики со висок динамички опсег благодарение на Canon Log 3*, Log 2, Log и гамата со широк DR

    hdr tab hdr tab

    Рабови од Canon Log гама

    Canon log
    eos c300

    Canon Log

    Оригиналното подесување за Canon Log е инсталирано во сите камери од опсегот Cinema EOS. Тој постигнува динамички опсег од 12 чекори и нуди одлични резултати со релативно едноставна градација.

    Canon Log 2

    Canon Log 2 го зголемува динамичкиот опсег до 15 чекори. Овој раб е високо компатибилен со работните процеси Cineon за максимален квалитет на градацијата и е особено адаптиран на задржување на деталите во сенките.

    hdr on
    c500 30-300mm cine zoom & codex camera

    Canon Log 3*

    Canon Log 3 нуди зголемен динамички опсег до 14 чекори и ја има истата лесна градација како и оригиналниот Canon Log, притоа задржувајќи повеќе детали на осветлените површини.

    *Можно е да биде потребна надградба на фирмверот.

    Поголема моќ за обработка со два DIGIC DV5 процесори

    Користејќи два DIGIC DV5 процесори од Canon, EOS C300 Mark II нуди значително поголема моќ за обработка од својот претходник, овозможува снимање на 4K видеоснимки со висока бит-стапка и нуди поддршка за Canon Log2 Gamma и многу други важни функции на камерата.

    EOS C300 Mark II
    EOS C300 Mark II

    Попрецизно снимање на подвижните објекти

    Сензорот со значително поголема брзина на читање дополнително го намалува изобличувањето предизвикано од вртење на блендата, така што и објектите во движење ја задржуваат нивната вистинска форма.

    Подобрете го вашиот преглед

    Изборниот визир EVF-V70 нуди неверојатен квалитет на сликата, со широка палета на бои од неговиот OLED екран од 1920x1080 пиксели, што го прави одличен избор за 4K проекти. Режимот за зголемување е важен за фокусирањето, а зебра-лентите помагаат со проценката на експозицијата.

    Четирите копчиња со доделување и инстинктивниот џојстик за менито ви ја даваат контролата во вашите прсти, овозможувајќи ви да останете фокусирани на случувањето пред вас.

    eos c700 evf

    Лесна реализација на вашите креативни визии

    EOS C300 Mark II

    Внатрешно снимање на неверојатни 4K слики

    Снимајте неверојатни 4K/UHD слики истовремено со максимум 410Mbps/10 бита во двете внатрешни мемориски картички CFast 2.0™, користејќи ги придобивките од стандардната VPG130, која гарантира постојана брзина на запишување од најмалку 130Mbps.* 2K прокси датотеките може да се зачуваат на SD картичка, а 4K RAW снимките на надворешните уреди, за ефикасен работен процес. Искористете ја огромната моќ за снимање 4K слики од Full HD видео записи, со поголем квалитет и значително појасни резултати, благодарение на обработката со прекумерно семплирање во HD.

    * Можно е да биде потребно ажурирање на фирмверот. Повеќе…

    • Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.

    Автоматски функции: само изберете и снимајте!

    Иновативните автоматски функции на EOS C300 Mark II ви овозможуваат да се фокусирате на случувањата. Тука спаѓа технологијата Dual Pixel CMOS AF со 80% вертикална и 80% хоризонтална покриеност, AF со откривање лице (со компатибилни објективи) и автоматски баланс на белата боја кои нема да ви дозволат да ја пропуштите снимката. Подобрениот AF нуди можност за избирање на брзината за AF (со компатибилни објективи) и карактеристиките за следење предмети со AF, за да добиете поприродно фокусирање.

    Снимајте сигурно во секакви услови на осветлување

    Снимајте насекаде и доловувајте видеоснимки со мал шум во секаков вид на тешки сценарија за снимање, благодарение на широкиот опсег на ISO до ISO 102.400 кој овозможува зголемена чувствителност и ненадминати перформанси при слаба осветленост. Вградените ND филтри овозможуваат дополнителни 10 чекори за контрола на експозицијата (во режим на проширување) при силна светлина или кога треба да се користи широка решетка.

    EOS C300 Mark II
    EOS C300 Mark II

    Звук со висок квалитет кој е подобар од CD

    EOS C300 Mark II поддржува LPCM звук со 24 бита/48 kHz за да добиете квалитет на звук кој е поголем од квалитетот на CD. Тој нуди 4-канален влез, вклучувајќи и приклучок за микрофон, внатрешен моно микрофон и два XLR приклучоци, кои овозможуваат избирање и мешање повеќе извори на звук за да можете да снимате звук со амбиентално чувство.

    Огромен избор на заменливи објективи, EF и PL приклучоци

    Зголемете ги вашите креативни опции и снимајте со повеќе од 90 заменливи EF и EF Cinema објективи со кои располага Canon во моментот. Поддршката за серво зум дополнително ги зголемува разновидните опции за снимање. Приклучокот за EF објективи на камерата може да се замени во EF приклучок со функција за заклучување при снимање или во PL приклучок или, пак, обратно само во овластен сервисен центар на Canon.

    EOS C300 Mark II

    Беспрекорна интеграција во професионалните работни процеси

    Нов XF-AVC формат за едноставна интеграција

    Новосоздадениот XF-AVC 4K формат лесно се интегрира во постоечките работни процеси, а истовременото снимање на 2K или Full HD прокси датотеки на SD картичка во истиот формат дополнително ја зголемува ефикасноста на обработката по снимањето.

    Голем избор на палети на бои

    EOS C300 Mark II нуди повеќе палети на бои кои ќе одговараат на вашиот работен процес и крајниот медиум, вклучувајќи ги и BT.2020, Canon Cinema Gamut и DCI-P3.

    Галерија со видеоснимки

    EOS C300 Mark II

    Зад сцените

    Снимање на градските сурфери на Минхен

    Добијте инспирација

    Спецификации

    4K

    2K

    Full HD1080

    Двоен DIGIC DV5

    Dual Pixel CMOS AF

    XF AFC

    XF AVC 422

    Гама со широк DR

    CFast 2.0

    Прекумерно семплирање

    Технологија за откривање лице

    • Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.
    Што содржи кутијата

    Препорачано за вас