Издржлива, моќна и практична! EOS C300 Mark II нуди снимање на неверојатни 4K/Full HD видеоснимки со неверојатен динамички опсег со 15 чекори, снимање во RAW формат и Canon Log2 за реализирање на вашата креативна визија.
Обработката со прекумерно семплирање во HD претставува напреден алгоритам за обработка на слики кој ефикасно ја искористува огромната моќ за снимање 4K слики при снимање Full HD видео. Камерата снима 4K слика, RGB каналите се делат на три посебни 4K сигнали со 8 мегапиксели, а потоа резолуцијата на 4K RGB сигналите се намалува во Full HD (1920x1080). На овој начин се подобрува резолуцијата што ја гледате и ќе можете да снимите значително појасна Full HD слика.
Оригиналното подесување за Canon Log е инсталирано во сите камери од опсегот Cinema EOS. Тој постигнува динамички опсег од 12 чекори и нуди одлични резултати со релативно едноставна градација.
Canon Log 2 го зголемува динамичкиот опсег до 15 чекори. Овој раб е високо компатибилен со работните процеси Cineon за максимален квалитет на градацијата и е особено адаптиран на задржување на деталите во сенките.
Canon Log 3 нуди зголемен динамички опсег до 14 чекори и ја има истата лесна градација како и оригиналниот Canon Log, притоа задржувајќи повеќе детали на осветлените површини.
*Можно е да биде потребна надградба на фирмверот.
Користејќи два DIGIC DV5 процесори од Canon, EOS C300 Mark II нуди значително поголема моќ за обработка од својот претходник, овозможува снимање на 4K видеоснимки со висока бит-стапка и нуди поддршка за Canon Log2 Gamma и многу други важни функции на камерата.
Сензорот со значително поголема брзина на читање дополнително го намалува изобличувањето предизвикано од вртење на блендата, така што и објектите во движење ја задржуваат нивната вистинска форма.
Изборниот визир EVF-V70 нуди неверојатен квалитет на сликата, со широка палета на бои од неговиот OLED екран од 1920x1080 пиксели, што го прави одличен избор за 4K проекти. Режимот за зголемување е важен за фокусирањето, а зебра-лентите помагаат со проценката на експозицијата.
Четирите копчиња со доделување и инстинктивниот џојстик за менито ви ја даваат контролата во вашите прсти, овозможувајќи ви да останете фокусирани на случувањето пред вас.
Снимајте неверојатни 4K/UHD слики истовремено со максимум 410Mbps/10 бита во двете внатрешни мемориски картички CFast 2.0™, користејќи ги придобивките од стандардната VPG130, која гарантира постојана брзина на запишување од најмалку 130Mbps.* 2K прокси датотеките може да се зачуваат на SD картичка, а 4K RAW снимките на надворешните уреди, за ефикасен работен процес. Искористете ја огромната моќ за снимање 4K слики од Full HD видео записи, со поголем квалитет и значително појасни резултати, благодарение на обработката со прекумерно семплирање во HD.
* Можно е да биде потребно ажурирање на фирмверот. Повеќе…
• Canon е овластен сопственик на лиценцата за заштитниот знак CFast 2.0™, кој може да биде регистриран во различни судски надлежности.
Иновативните автоматски функции на EOS C300 Mark II ви овозможуваат да се фокусирате на случувањата. Тука спаѓа технологијата Dual Pixel CMOS AF со 80% вертикална и 80% хоризонтална покриеност, AF со откривање лице (со компатибилни објективи) и автоматски баланс на белата боја кои нема да ви дозволат да ја пропуштите снимката. Подобрениот AF нуди можност за избирање на брзината за AF (со компатибилни објективи) и карактеристиките за следење предмети со AF, за да добиете поприродно фокусирање.
Снимајте насекаде и доловувајте видеоснимки со мал шум во секаков вид на тешки сценарија за снимање, благодарение на широкиот опсег на ISO до ISO 102.400 кој овозможува зголемена чувствителност и ненадминати перформанси при слаба осветленост. Вградените ND филтри овозможуваат дополнителни 10 чекори за контрола на експозицијата (во режим на проширување) при силна светлина или кога треба да се користи широка решетка.
EOS C300 Mark II поддржува LPCM звук со 24 бита/48 kHz за да добиете квалитет на звук кој е поголем од квалитетот на CD. Тој нуди 4-канален влез, вклучувајќи и приклучок за микрофон, внатрешен моно микрофон и два XLR приклучоци, кои овозможуваат избирање и мешање повеќе извори на звук за да можете да снимате звук со амбиентално чувство.
Зголемете ги вашите креативни опции и снимајте со повеќе од 90 заменливи EF и EF Cinema објективи со кои располага Canon во моментот. Поддршката за серво зум дополнително ги зголемува разновидните опции за снимање. Приклучокот за EF објективи на камерата може да се замени во EF приклучок со функција за заклучување при снимање или во PL приклучок или, пак, обратно само во овластен сервисен центар на Canon.
Професионална и обемна поддршка: дознајте сè што треба да знаете за извонредната палета Cinema EOS.
Зошто не аплицирате за членство во CPS? Уживајте во професионални услуги и поддршка за вашата опрема од Canon.
Кликнете тука за повеќе детали во врска со различните услуги за монтирање објективи што се достапни за промена на приклучокот на C300 Mark II во PL или EF приклучок со функција за заклучување при снимање.