DSLR-фотоапарати
Canon EOS C300 PL
Револуционерна професионална кино камера сo PL приклучок за компатибилност со индустриски стандардните објективи.
Не дозволувајте приказните да останат нераскажани
Револуционерната професионална кино камера EOS C300 PL ги соединува докажаната видео технологија и наследството од објективите на Canon со креативноста на серијата EOS. Заменливите објективи нудат ненадмината слобода за раскажување на секоја приказна.
Погледнете ги сите спецификацииПридобивки
-
CMOS сензор со 8,3MP и извонредни 35mm; Full HD
-
Стандардни PL објективи со можност за менување
-
Компактни, модуларни, лесни
-
50Mbps MPEG-2 MXF на CF картичка
-
Висока чувствителност, мал шум
-
Canon Log гама
-
24,00p за снимање на видео снимки
-
Wi-Fi далечински управувач
-
Беспрекорна интеграција во работните процеси
Детални карактеристики
-
CMOS сензор со 8,3MP и извонредни 35mm; Full HD
CMOS сензорот со 8,3MP и извонредни 35mm, специјално дизајниран и произведен за снимање на видео записи во Canon, обезбедува 3-кан. RGB обработка при Full HD снимање. Технологијата за сензори на Canon обезбедува врвни слики со висока резолуција и чувствителност, мал шум, помалку артефакти при вртење на блендата и мала потрошувачка на енергија, во комбинација со стандардните придобивки од големите сензори како што е малата длабочина на поле.
-
Стандардни PL објективи со можност за менување
Стандардниот приклучок на EOS C300 PL е компатибилен со широк опсег на заменливи објективи кои веќе ги користат професионалците во филмската продукција, како и кино објективите од Canon. 3 вградени електронски ND филтери кои ја зголемуваат разновидноста при снимањето.
-
Компактни, модуларни, лесни
Извонредно компактната EOS C300 PL се одликува со основен систем за снимање кој тежи само 1869g (без објектив). Отстранливиот држач, рачката и компонентите од контролниот панел под различен агол овозможуваат максимално маневрирање, а робустното куќиште кое е отпорно на прскање содржи компоненти од магнезиумска легура кои нудат дополнителна издржливост и цврстина.
-
50Mbps MPEG-2 MXF на CF картичка
Снимајте MPEG-2 MXF фајлови со брзина од 50Mbps (4:2:2) на две CF мемориски картички кои веднаш може да ги емитувате – достапни се опции за пренасочено и симултано снимање. Стандардните излези вклучуваат HD-SDI, заедно со функциите временски код, Genlock и терминали за синхронизација кои овозможуваат снимање со повеќе камери.
-
Висока чувствителност, мал шум
EOS C300 PL се одликува со зголемена чувствителност: може да снимате слики со мал шум со ISO вредност до 20000, која овозможува користење во речиси секакви услови за снимање.
-
Canon Log гама
Во обемното прилагодување на слики спаѓа и вградената Canon Log гама, која обезбедува неутрален квалитет на слика со широк динамички опсег (800%) за максимална слобода при обработката по снимањето. Подесувајте повеќе од 90 променливи параметри за сликите и складирајте ги како прилагодени профили за слики во камерата или SD картичката.
-
24,00p за снимање на видео снимки
Режимите PAL, NTSC и 24,00p се стандардно достапни и нудат стапки на слики од 23,98p до 59,94i. Прилагодете го бавното и брзото движење во чекори од 1fps за поголема креативна флексибилност.
-
Wi-Fi далечински управувач
Безжично следење на подесувањата на камерата преку лаптоп, графичка табла или Smartphone уред со користење на едноставен кориснички интерфејс основан според пребарувач. Контролирајте ги ND филтерите, додавајте ознаки на сликите и вчитувајте мета-податоци од далечина. (потребен е изборен безжичен адаптер.)
-
Беспрекорна интеграција во работните процеси
Интегрирајќи се беспрекорно со постоечките работни процеси, видео снимките снимени со EOS C300 PL се компатибилни со најупотребуваните професионални NLE софтверски пакети.