Компактен и стилски факс уред кој едноставно се користи и одржува. Обезбедувајќи продуктивни и сигурни перформанси со помош на голем број професионални функции за испраќање факсови, тој претставува идеално решение за малите и средните бизниси.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS FAX-L150
Намалете ги вашите трошоци за комуникација на минимум со овој Super G3 факс уред, кој испраќа документи со брзина од само 3 секунди по страница*. Бидејќи факсовите се испраќаат и примаат за најкратко можно време, телефонската линија останува слободна.
Меморијата за 512 страници* безбедно ги зачувува сите дојдовни документи, така што факсовите ќе можете да ги испечатите и подоцна доколку снема хартија или тонер. Исто така, долгите документи може да се скенираат и зачуваат во меморијата за потоа автоматски да се испратат, а притоа да го намалат времето и трошоците за испраќање на факсови.
Бирањето броеви не може да биде поедноставно, дури и за неискусните корисници, со можност за пристап до сите броеви кои често ги користите благодарение на 15 броеви за бирање со еден допир и 100 меморирани броеви за брзо бирање. Јасниот и интуитивен 5-линиски LCD екран го прави овој факс уред навистина едноставен за користење.
Благодарение на автоматскиот механизам за снабдување со документи за 30 страници, корисниците лесно ќе можат да ги зачуваат долгите документи или да ги испратат по факс во една операција, наместо да ја проследуваат секоја страница поединечно. Исто така, фахот за хартија со капацитет за 150 листови заштедува време при секое дополнување на хартија.
Користете го овој факс уред како продуктивен ласерски печатач со брзина од 18 страници во минута преку USB врската. Благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница, времето за загревање од режим на мирување е многу кратко. Исто така, ќе можете да копирате документи со брзина од 11,8 страници во минута.
i-SENSYS FAX-L150 се одликува со евтин "сè-во-едно" картриџ, кој содржи тонер, барабан и сите неопходни делови. Едноставна замена на картриџот за неколку секунди – без неред или потешкотии. Користете оригинален картриџ од Canon и гарантирано ќе добиете континуирано висококвалитетно печатење
Овој факс уред, кој не е штетен за животната средина, се одликува со врвна енергетска ефикасност и троши само 1,5 вати во режим на мирување.
* Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS FAX-L150, неговите функции и можности.
Копирање
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Практичен LCD екран
Автоматски механизам за снабдување со документи