Овој компактен Super G3 факс уред може да се користи и одржува без напор. Нудејќи врвна енергетска ефикасност надополнета со палета на професионални функции за испраќање факсови, тој претставува идеално решение за малите и средните бизниси.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS FAX-L170
Овој Super G3 факс уред може да ги намали вашите трошоци за комуникација на минимум. Тој испраќа документи со брзина од само 3 секунди по страница*. Со испраќање и примање на факсовите за најкратко можно време, телефонската линија останува слободна.
Доколку снема хартија или тонер, меморијата за 512 страници* безбедно ги зачувува сите дојдовни документи, така што факсовите ќе можете да ги испечатите подоцна. За полесно ракување, долгите документи може да се скенираат и зачуваат во меморијата и потоа автоматски да се испратат – заштедувајќи време и пари.
Дури и неискусните корисници ќе можат лесно да ракуваат со i-SENSYS FAX-L170. Бирањето броеви не може да биде поедноставно благодарение на 30 броеви за бирање со еден допир и 100 меморирани броеви за брзо бирање кои ви овозможуваат да ги зачувате сите броеви кои често ги користите. Јасниот и интуитивен LCD екран го прави овој факс уред навистина едноставен за користење.
Корисниците лесно ќе можат да ги зачуваат долгите документи или да ги испратат по факс во една операција, наместо да ја проследуваат секоја страница поединечно – благодарение на автоматскиот механизам за снабдување со документи за 30 страници. Исто така, фахот за хартија со капацитет за 150 листови заштедува време при секое дополнување на хартија.
Користете го овој факс уред како продуктивен ласерски печатач со брзина од 18 страници во минута преку USB врската. Благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница, времето за загревање од режим на мирување е многу кратко. Исто така, ќе можете да копирате документи со брзина од 11,8 страници во минута.
"Сè-во-едно" картриџот на i-SENSYS FAX-L170, кој содржи тонер, барабан и сите неопходни делови, може да се замени за неколку секунди. Нема неред или потешкотии, а ако користите оригинален картриџ од Canon, гарантирано ќе добиете континуирано висококвалитетно печатење.
Овој факс уред, кој не е штетен за животната средина, се одликува со врвна енергетска ефикасност и троши само 1,5 вати во режим на мирување.
i-SENSYS FAX-L170 располага со телефон за воспоставување и одговарање на повици, со факс/телефон функција која овозможува автоматско префрлување помеѓу факсови и повици.
* Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS FAX-L170, неговите функции и можности.
Копирање
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Практичен LCD екран
Автоматски механизам за снабдување со документи
Телефон - стандардно