Canon i-SENSYS MF211

i-SENSYS MF211

Брзиот и ефикасен 3-во-1 црно-бел ласерски печатач нуди функции за печатење, копирање и скенирање во само еден компактен уред. Ракувањето е едноставно благодарение на контролниот панел со можност за вртење и копчињата за решенија со еден допир.

Придобивки

  • Компактен и стилски 3-во-1 црно-бел ласерски печатач: печатење, копирање и скенирање
  • Бидете продуктивни со брзините за црно-бело печатење и копирање од 23 стр./мин.
  • Едноставно ракување со LCD екранот кој може да се врти
  • Заборавете на чекањето печатени материјали со функцијата за брзо печатење на првата страница
  • Доловете ги сите детали со скенирање во боја до 9600x9600dpi

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF211

3-во-1 печатач кој заштедува простор


Овој стилски и компактен повеќефункционален црно-бел ласерски печатач со голема брзина нуди функции за печатење, копирање и скенирање сместени во еден уред кој заштедува простор. Со професионален квалитет на печатење и едноставно ракување, ова е идеално решение за на работна маса во домот или канцеларијата.

Брзо печатење и копирање


Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 23 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница од режим на мирување ви овозможуваат да не чекате долго покрај уредот додека се испечатат документите.

Резултати со деловен квалитет


Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon овозможува професионално печатење и копирање со остар текст и јасна графика. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали.

Брзо, едноставно ракување


i-SENSYS MF211 се користи брзо и едноставно, а се одликува со LCD екран кој има 5 линии, нуди разни опции и може да се врти, за да ви бидат при рака сите информации кои ви се потребни. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир, за да уживате во едноставно испраќање на скенираните документи во одреден фајл или, пак, да заштедите хартија преку копирање на повеќе слики на еден лист.

Енергетска ефикасност


Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши само 1,6 вати во режим на мирување.

Тивок режим


Овој повеќефункционален уред работи бесшумно во режим на мирување, а за да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.

"Сè-во-едно" картриџ


"Сè-во-едно" картриџите, кои можат да се рециклираат едноставно, претставуваат комбинација од тонер, барабан и единици за чистење кои го намалуваат одржувањето, ја зголемуваат сигурноста и ја минимизираат потрошувачката на материјали.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF211, неговите функции и можности.

Copy

Копирање

USB connection

USB поврзување

User friendly LCD display

Практичен LCD екран

Quiet printing mode

Режим на тивко печатење

Professional Scan quality

Скенирање со професионален квалитет

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Tilting control panel

Контролен панел со можност за вртење

Следни чекори

Поврзани производи

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.