Canon i-SENSYS MF212w

i-SENSYS MF212w

Беспрекорно споделување на функциите за печатење, копирање и скенирање со овој 3-во-1 црно-бел ласерски уред со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и мобилни уреди. Брз, практичен и енергетски ефикасен, а се одликува и со контролен панел со можност за вртење и копчиња за решенија со еден допир.

Придобивки

  • 3-во-1 црно-бел ласерски печатач со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и мобилни уреди: копирање, печатење и скенирање
  • Едноставно печатење преку уреди со IOS или Android
  • Бидете продуктивни со брзините за црно-бело печатење и копирање од 23 стр./мин.
  • Заборавете на чекањето печатени материјали со функцијата за брзо печатење на првата страница
  • Побрзо скенирање и копирање со копчиња кои нудат решенија со еден допир

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF212w

3-во-1 уред за мали канцеларии со разни можности за поврзување


Овој стилски повеќефункционален црно-бел ласерски печатач со голема брзина и разни можности за поврзување нуди функции за печатење, копирање и скенирање сместени во компактен уред кој заштедува простор. Благодарение на можноста за поврзување на Wi-Fi, етернет и мобилни уреди за лесно споделување на функциите, како и професионалниот квалитет на печатење и едноставното ракување, ова е идеално решение за на работна маса во мали канцеларии.

Wi-Fi за беспрекорно споделување


Поврзете се беспрекорно на начин кој ви одговара преку овој уред со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и паметни телефони. Вградената поддршка за печатење преку Apple AirPrint™ и индустрискиот стандард Mopria™ автоматски го открива печатачот за да овозможи печатење на документи директно од iPhone или iPad и овластени уреди на Mopria. Бесплатната апликација Mobile Printing од Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS или Android 4.

Брзо печатење и копирање


Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 23 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница од режим на мирување ви овозможуваат да не чекате долго покрај уредот додека се испечатат документите.

Резултати со деловен квалитет


Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon овозможува професионално печатење и копирање со остар текст и јасна графика. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали од оригиналната снимка. Испраќајте скенирани документи на кој било компјутер со практичното мрежно скенирање.

Брзо, едноставно ракување


i-SENSYS MF212w се користи брзо и едноставно, а се одликува со LCD екран кој има 5 линии, нуди разни опции и може да се врти, за да ви бидат при рака сите информации кои ви се потребни. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир, за да уживате во едноставно испраќање на скенираните документи во одреден фајл или, пак, да заштедите хартија преку копирање на повеќе слики на еден лист.

Енергетска ефикасност


Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши само 1,6 вати во режим на мирување.

Тивок режим


Овој повеќефункционален уред работи бесшумно во режим на мирување, а за да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.

"Сè-во-едно" картриџ


"Сè-во-едно" картриџите, кои можат да се рециклираат едноставно, претставуваат комбинација од тонер, барабан и единици за чистење кои го намалуваат одржувањето, ја зголемуваат сигурноста и ја минимизираат потрошувачката на материјали.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF212w, неговите функции и можности.

Copy

Копирање

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

USB connection

USB поврзување

User friendly LCD display

Практичен LCD екран

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Quiet printing mode

Режим на тивко печатење

Professional Scan quality

Скенирање со професионален квалитет

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tilting control panel

Контролен панел со можност за вртење

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред