Canon i-SENSYS MF216n

i-SENSYS MF216n

Овој енергетски ефикасен "сè-во-едно" црно-бел ласер со можност за поврзување во мрежа кој е опремен со функции за зголемување на продуктивноста може беспрекорно да се споделува во канцеларијата, а овозможува и практично користење со можноста за вртење на екранот и контрола на допир.

Придобивки

  • Стилски и компактен црно-бел ласерски "сè-во-едно" уред со можност за поврзување во мрежа
  • Едноставно печатење преку уреди со IOS или Android
  • Бидете продуктивни со брзините за црно-бело печатење и копирање од 23 стр./мин.
  • Едноставно ракување со големиот екран на допир кој може да се врти
  • Заборавете на чекањето печатени материјали со режимот за брзо печатење на првата страница

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF216n

Продуктивен "сè-во-едно" уред со можност за поврзување во мрежа за мали канцеларии


Овој стилски "сè-во-едно" црно-бел ласерски печатач со голема брзина нуди функции за печатење, копирање, скенирање и праќање факс сместени во компактен уред кој заштедува простор. Благодарение на можноста за поврзување на етернет за лесно споделување на функциите преку мрежа, како и професионалниот квалитет на печатење и едноставното ракување преку екран на допир, ова е идеално решение за на работна маса во мали канцеларии.

Брзо печатење и копирање


Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 23 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница од режим на мирување ви овозможуваат да не чекате долго покрај уредот додека се испечатат документите. Скенирањето и копирањето на повеќе страници е многу лесно благодарение на касетата за 250 листови хартија и вградениот ADF за 35 листови.

Резултати со деловен квалитет


Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon овозможува професионално печатење и копирање со остар текст и јасна графика. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали од оригиналната снимка. Испраќајте скенирани документи на кој било компјутер со практичното мрежно скенирање.

Брзо и едноставно ракување на допир


i-SENSYS MF216n се користи брзо и едноставно, а се одликува со голем LCD екран на допир, нуди разни опции и може да се врти, за да ви бидат при рака сите информации кои ви се потребни. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир, за да уживате во едноставно испраќање на скенираните документи во одреден фајл или, пак, да заштедите хартија преку копирање на повеќе слики на еден лист.

Енергетска ефикасност


Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши само 1,6 вати во режим на мирување.

Тивок режим


Овој повеќефункционален уред работи бесшумно во режим на мирување, а за да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.

"Сè-во-едно" картриџ


"Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и сигурно висококвалитетно печатење. Оригиналниот ласерски картриџ од Canon тонер, барабан и единици за чистење и може да се замени за неколку секунди без напор или неред.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF216n, неговите функции и можности.

Automatic Document Feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Copy

Копирање

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

Super G3 FAX

Супер G3 ФАКС

USB connection

USB поврзување

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Quiet printing mode

Режим на тивко печатење

Professional Scan quality

Скенирање со професионален квалитет

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Tilting control panel

Контролен панел со можност за вртење

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Touch panel

Панел на допир

Следни чекори

Решенија за мобилни уреди

Едноставно печатење од мобилни уреди

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.