Моќен црно-бел ласерски "сè-во-едно" уред со можност за поврзување во мрежа за мали динамични канцеларии. Зголемете ја продуктивноста со брзо автоматско 2-страно печатење и ADF. Поставувајте ефикасни работни процеси со копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF226dn
Овој компактен и стилски црно-бел ласерски сè-во-едно уред нуди практична комбинација од професионален печатач, скенер, копир и факс уред сместена во еден уред кој заштедува простор. Благодарение на можноста за поврзување во мрежа, неговите функции за зголемување на продуктивноста можат да се споделуваат беспрекорно во вашата канцеларија – правејќи го идеален избор за зголемување на ефикасноста на секоја динамична канцеларија.
Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 27 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница од режим на мирување ви овозможуваат да не ги чекате документите долго.
Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon создава импресивни документи со остар текст и графика со јасни сиви тонови. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали од оригиналната снимка. Испраќајте скенирани документи на кој било компјутер со практичното мрежно скенирање.
Скенирањето и копирањето на повеќе страници е брзо и ефикасно благодарение на вградениот ADF за 35 листови и касетата за 250 листови хартија. Заштедете пари на хартија и печатете документи со професионален изглед со автоматското 2-страно печатење.
i-SENSYS MF226dn се користи брзо и едноставно, а се одликува со голем LCD екран на допир, нуди разни опции и може да се врти, за да ви бидат при рака сите информации кои ви се потребни. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир, за да уживате во едноставно испраќање на скенираните документи во одреден фајл или, пак, да заштедите хартија преку копирање на повеќе слики на еден лист. За да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.
Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши само 1,7 вати во режим на мирување.
"Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и сигурно висококвалитетно печатење. Оригиналниот ласерски картриџ од Canon тонер, барабан и единици за чистење и може да се замени за неколку секунди без напор или неред.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF226dn, неговите функции и можности.
Автоматски механизам за снабдување со документи
Автоматско двострано печатење
Копирање
Користење и споделување преку мрежа
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Скенирање преку мрежа
Режим на тивко печатење
Скенирање со професионален квалитет
Копче за директен избор на скенирање
Контролен панел со можност за вртење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Панел на допир
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.