Моќен и разновиден црно-бел ласерски сè-во-едно уред со Wi-Fi и можност за поврзување со мобилни уреди и во мрежа за мали деловни простории со големи потреби. Бидете попродуктивни со брзото 2-страно скенирање, копирање и печатење.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF229dw
Овој компактен и стилски сè-во-едно уред нуди практична комбинација од професионален печатач, скенер, копир и факс уред сместена во еден уред кој заштедува простор. Неговите функции за зголемување на продуктивноста можат да се споделуваат беспрекорно преку мрежата во вашата канцеларија, Wi-Fi или паметни уреди – правејќи го идеален избор за зголемување на ефикасноста на секоја динамична канцеларија.
Поврзете се беспрекорно на начин кој ви одговара преку овој уред со можност за поврзување на Wi-Fi, мрежа и мобилни уреди. Вградената поддршка за печатење преку Apple AirPrint™ и Mopria™ автоматски го открива печатачот за да овозможи печатење на документи директно од iPhone или iPad и овластени уреди на Mopria. Бесплатната апликација Mobile Printing на Canon ви овозможува и безжично печатење преку вашиот уред со Apple iOS или Android.
Големите брзини за црно-бело ласерско печатење и копирање од 27 стр./мин. во A4 формат и брзото печатење на првата страница дури и од режим на мирување ви овозможуваат да не ги чекате документите долго.
Комбинацијата од квалитет на печатење до 1200 x1200 dpi и EF тонерот на Canon создава импресивни документи со остар текст и графика со јасни сиви тонови. Напредно скенирање на бои со максимум 9600x9600 dpi за доловување на сите детали од оригиналната снимка. Испраќајте скенирани документи на кој било компјутер со мрежното скенирање.
Скенирањето и копирањето на повеќе страници е брзо и ефикасно благодарение на вградениот 2-стран ADF за 50 листови. Скенирајте двострани документи на едноставен начин и заштедете пари на хартија со 2-страно печатење.
i-SENSYS MF229dw се користи брзо и едноставно, а се одликува со голем LCD екран на допир со разни опции и можност за вртење. Екранот може да се постави вертикално или да се закоси нагоре во зависност од начинот на кој работите. Ефикасните работни процеси за скенирање и копирање можат лесно да се постават со помош на копчињата кои нудат брзи решенија со еден допир. За да функционира во тивки опкружувања, тивкиот режим овозможува потивко печатење за да можете да работите без да им го одвлекувате вниманието на останатите.
Технологијата за фиксирање по потреба на Canon го елиминира речиси целото време на загревање и помага во намалување на потрошувачката на енергија, без намалување на перформансите. Одликувајќи се со врвна класа на TEC оценка, овој уред троши едвај 1,7 вати во режим на мирување.
"Сè-во-едно" картриџите, кои можат да се рециклираат едноставно, претставуваат комбинација од тонер, барабан и единици за чистење кои го намалуваат одржувањето, ја зголемуваат сигурноста и ја минимизираат потрошувачката на материјали.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF229dw, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Копирање
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Користење и споделување преку мрежа
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
Скенирање преку мрежа
Режим на тивко печатење
Скенирање со професионален квалитет
Копче за директен избор на скенирање
Безжично користење и споделување
Контролен панел со можност за вртење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Панел на допир
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.