Поврзан 4-во-1 црно-бел ласерски печатач за мали канцеларии.
Мрежен црно-бел ласерски печатач наменет да понуди сè што е потребно за една мала канцеларија: печатење, копирање, скенирање и факс од компјутери, паметни телефони и таблет уреди.
Доколку водите мал бизнис или работите од домашна канцеларија, ќе ја цените брзината и сигурноста на квалитетот на црно-белото печатење, екранот на допир и функциите за печатење, копирање, скенирање и факс.
Пристапете до информациите за печатачот, променете ги подесувањата за мрежата, поставете го адресарот и проверете ги нивоата на тонерот – сето тоа преку далечинскиот кориснички интерфејс (RUI).
ЕКО извештаите на печатачот го олеснуваат надгледувањето и следењето на искористеноста, додека режимите за автоматско исклучување и намалена потрошувачка на енергија ги одржуваат емисиите на јаглерод на минимум.
Печатете лесно од паметните телефони, таблетите, лаптоп и десктоп компјутерите со безжичната поддршка за Mopria™, Apple AirPrint™, Google Cloud Print™ и апликацијата Canon PRINT business.
Со брзото печатење на првата страница, печатачот се активира од режимот на мирување и веднаш започнува со печатење, додека брзината од 23 стр./мин. ја одржува високата продуктивност на вашата канцеларија.
"Сè-во-едно" картриџите од Canon нудат одлични црно-бели документи со остар текст и слики. Уживајте во постојаната сигурност и квалитет со само еднократна промена на картриџот.
Автоматски механизам за снабдување со документи
Копирање
Супер G3 ФАКС
Користење и споделување преку мрежа
Панел на допир
USB поврзување
Скенирање со професионален квалитет
Копче за директен избор на скенирање
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Картриџ 737
Добијте прекрасно црно-бело печатење без заматувања со сè-во-едно картриџот 737 кој функционира беспрекорно со Canon i-SENSYS MF231, MF232w, MF237w, MF244dw, MF247dw и MF249dw за да ви овозможи приближно 2.400 страници (мерено според ISO/IEC 19752)
Комплет за телефон 6 (комплет за телефон)
Изборен телефон за испраќање факс.
Кога купувате едноставен сервисен план, гарантирана ви е врвна поддршка и заштита за вашиот производ од Canon. Ние ви нудиме избор од ненадминати услуги од однапред конфигурираните пакети со едноставен сервисен план, од инсталирање до поправка и одржување на вашиот производ.
Фокусирајте се на бизнисот, благодарение на сигурноста која ја нуди нашата 3-годишна гаранција