i-SENSYS MF3010

ПЕЧАТАЧ ОД ВРВНА КЛАСА

Canon i-SENSYS MF3010

Печатете, копирајте и скенирајте со голема брзина кога вам ви одговара, директно од вашата работна маса со помош на овој компактен црно-бел ласерски печатач. Тој е идеален за во домот или мали канцеларии, едноставен за користење и енергетски ефикасен.

  • 3-во-1 црно-бел ласерски печатач за на маса: печатење, копирање и скенирање

  • Модерен и привлечен дизајн

  • Вертикален екран што е едноставен за користење

  • 18 стр./мин., време за печатење на првата страница од 7,8 секунди
    Енергетска ефикасност

  • Погледнете подетални информации за i-SENSYS MF3010 од Canon

    Извонредно компактен и модерен дизајн

    Елегантниот и стилски дизајн во црна боја на MF3010 го прави навистина интелигентен повеќефункционален 3-во-1 ласерски уред. Висококвалитетен црно-бел печатач, скенер и копир во еден уред кој заштедува простор. Овој привлечен и компактен уред, кој е брз и економичен за употреба, лесно може да се вклопи на секоја работна маса. Тој е совршен за лична употреба или за корисници во мали и домашни канцеларии кои не сакаат само печатач и имаат намера да заштедат време и пари.

    Квалитет и брзина

    Имајте доверба во високопрофесионалните ласерски испечатени материјали со напредна резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi. Таа прикажува повеќе детали и овозможува добивање на остар текст и фина графика. Со брзината за црно-бело печатење на 18 стр./мин., времето за чекање на документите е многу кратко. Технологијата за брзо печатење на првата страница од Canon овозможува и кратко време за печатење на првата страница од 7,8 секунди.

    Заштедете енергија и скратете ги трошоците

    Навистина економичен, MF3010 е предводник во поглед на енергетската ефикасност, без притоа да ги намали перформансите – при што ви овозможува да заштедите пари, а се разбира и да ги намалите емисиите на јаглерод. Повеќефункционалниот уред е усогласен со Energy Star и има типична потрошувачка на енергија (TEC) од 0,6 kWh. Во режим на мирување троши енергија од само 1,4 вати.

    i-SENSYS MF3010

    Едноставно користење

    Благодарение на едноставниот и вертикален екран, можете да ракувате со MF3010 од удобноста на вашиот стол. Тој ви нуди практичен пристап до сите функции кои ви се потребни без потреба да стоите над машината, а со тоа ќе заштедите време и напор.

    Разновидно скенирање и копирање во боја

    Зголемете ја вашата ефикасност со висококвалитетниот скенер во боја. Тој го олеснува скенирањето и копирањето на вашите документи – а со тоа веднаш ја зголемува и вашата продуктивност. Нема потреба од чекање благодарение на времето до излегување на првата копија кое е пократко од 12 секунди. Исто така, ќе можете да скенирате директно на e-mail или, пак, во PDF фајлови со можност за пребарување користејќи го MF Toolbox, за брзо пронаоѓање на вашите документи и фотографии.

    "Сè-во-едно" картриџ

    Сите неопходни делови се сместени во истиот компактен картриџ за да овозможат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Овој "сè-во-едно" картриџ, кој содржи тонер, барабан и единици за чистење, можете лесно и уредно да го замените за неколку секунди. Користете автентичен ласерски картриџ од Canon и вашиот повеќефункционален уред ќе биде како нов.

    i-SENSYS MF3010

    За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

    Easy Service Plan

    БРОШУРА

    Лист со податоци за придобивките

    Преземете го листот со податоци за i-SENSYS MF3010 за да дознаете повеќе за придобивките што ги нуди стилското решение за на работна маса за лична употреба.
    Преземете го листот со податоци [pdf, 245 kb]

    Спецификации

    • Брзина на печатење

      До 18 стр./мин. (A4)

    • Метод на печатење

      Црно-бело печатење со ласерски зраци

    • Квалитет на печатење

      До 1200 x 600 dpi со технологијата за автоматско усовршување на слика

    • Време за печатење на првата страница

      7,8 сек.

    • Резолуција на печатење

      600 x 400 dpi

    • Јазици на печатач

      UFRII-LT

    • Маргини на печатење

      5 mm-горе, 6 mm- долу, 5 mm-лево и десно

    • Режим за заштеда на тонер

      Да

    i-SENSYS MF3010

    Слични производи и решенија

  • Сè-во-едно канцелариски црно-бели печатачи

    Економично црно-бело печатење, како и копирање, скенирање и испраќање факс.

  • Печатачи со една функција

    Уживајте во брзо и флексибилно печатење со нашите модели со една функција.

  • Ласерски печатачи за домашна и канцелариска употреба

    Добијте продуктивно печатење со ласерски печатач од Canon.

  • Сакате да дознаете повеќе за овој производ?