Добивајте резултати со професионален квалитет на едноставен начин со паметниот, практичен и компактен повеќефункционален црно-бел ласерски печатач MF411dw кој овозможува печатење, копирање и скенирање, а нуди и поддршка за мобилни уреди.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF411dw
Малите деловни претпријатија можат да добијат значително зголемување на продуктивноста со повеќефункционалниот ласерски печатач MF411dw за A4 формати. MF411dw нуди печатење со професионален квалитет и брзина до 33 стр./мин., како и разновидни опции за задоволување на сите ваши потреби поврзани со документи, независно од неговата импресивно компактна големина. Интуитивниот екран на допир во боја од 3,5”, капацитетот за хартија од 300 страници и функцијата за брзо печатење на првата страница веднаш по вклучувањето придонесуваат за поефикасна работа на вашите тимови без прекин. Исто така, MF411dw нуди безбедносна и практична функција за приватност: функцијата за безбедно печатење ги заштитува вашите документи со PIN код, дури и кога печатите од мобилен уред.
Благодарение на поддршката за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди MF411dw, вашата работна група ќе може да печати од сите овозможени уреди. Исто така, со нив ќе можете да пристапите до многубројни напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business и можат да го поврзат уредот со сметка на Google Cloud Print за неколку секунди.
MF411dw нуди поддршка за Cloud услуги и овозможува подобро деловно работење. Со помош на MF Scan Utility (за компјутери/лаптопи) и апликацијата Canon PRINT Business (за мобилни уреди), секој може да се поврзе со MF411dw и популарните услуги за складирање Cloud како што се Evernote® и DropBox за да снима, дигитализира и споделува документи во движење или, пак, да скенира и испраќа е-пораки во еден чекор.
Благодарение на многубројните флексибилни мрежни опции, MF411dw претставува совршен дополнителен уред во вашата мрежа. Поврзувањето преку WiFi и етернет, заедно со поддршката за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи, овозможуваат беспрекорна интеграција во управуваните мрежни опкружувања. Далечинската услуга e-Maintenance на Canon го прави MF411dw подеднакво соодветен за опкружувања со управувани услуги за печатење.
Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кој овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш. Неговата мала потрошувачка на енергија во режимите на мирување и подготвеност, автоматското двострано печатење и неговата паметна функција за автоматско исклучување заради заштеда на енергија се карактеристики кои го прават MF411dw одржлив избор со мали трошоци.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF411dw, неговите функции и можности.
Автоматско двострано печатење
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Панел на допир во боја
PCL печатење
PostScript печатење
Скенирање кон USB уред
Копче за директен избор на скенирање
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
Безжично користење и споделување
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.