Canon i-SENSYS MF418x

i-SENSYS MF418x

Паметниот, практичен и компактен повеќефункционален црно-бел печатач MF418x кој нуди печатење, копирање и скенирање со ласерски квалитет, како и целосна поддршка за флексибилно работење, претставува идеално дополнување на вашата група мрежни печатачи.

Придобивки

  • Повеќефункционален црно-бел ласерски печатач за A4 формати со WiFi кој е специјално направен за мали работни групи
  • Печатење со професионален квалитет и голема брзина до 33 стр./мин.
  • Едноставно ракување преку интуитивен екран на допир во боја
  • Автоматското двострано печатење го намалува отпадот и трошоците
  • Брзото печатење на првата страница заштедува време и ја зголемува продуктивноста на вашите тимови
  • Безбедно печатење со PIN
  • AirPrint, Mopria и апликација Canon PRINT Business за печатење од паметни телефони и таблет-уреди
  • Едноставно се користи со популарните услуги за складирање Cloud.
  • Едноставна интеграција со опции за управување со уреди и со печатењето
  • Едноставно одржување со практичните сè-во-едно картриџи

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF418x

Работете попаметно во канцеларијата


Малите работни групи можат да добијат значително зголемување на продуктивноста со повеќефункционалниот ласерски печатач MF418x за A4 формати. MF418x нуди печатење со професионален квалитет и брзина до 33 стр./мин., како и разновидни опции за задоволување на сите ваши потреби поврзани со документи, независно од неговата импресивно компактна големина. Интуитивниот екран на допир во боја од 3,5”, капацитетот за хартија од 550 страници и функцијата за брзо печатење на првата страница веднаш по вклучувањето придонесуваат за поефикасна работа на вашите тимови без прекин. Исто така, MF418x нуди практична функција за приватност: функцијата за безбедно печатење ги заштитува вашите документи со PIN код, дури и кога печатите од мобилен уред.

Флексибилно работење


Благодарение на обемната поддршка за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди MF418x, вашата работна група ќе може да печати од сите овозможени уреди. Исто така, со нив ќе можете да пристапите до многубројни напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business и можат да го поврзат уредот со сметка на Google Cloud Print за неколку секунди.

Подобрено споделување на документи


MF418x нуди поддршка за Cloud услуги и овозможува подобро деловно работење. Со помош на MF Scan Utility (за компјутери/лаптопи) и апликацијата Canon PRINT Business (за мобилни уреди), секој може да се поврзе со MF418x и популарните услуги за складирање Cloud како што се Evernote® и DropBox за да снима, дигитализира и споделува документи во движење или, пак, да скенира и испраќа е-пораки во еден чекор.

Опции за паметно мрежно работење


Благодарение на многубројните флексибилни мрежни опции, MF418x претставува совршен дополнителен уред во вашата мрежа. Поврзувањето преку WiFi и етернет, заедно со поддршката за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи, овозможуваат беспрекорна интеграција во управуваните мрежни опкружувања. Опцијата за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon и поддршката за системот за управување со печатењето uniFLOW од Canon го прават MF418x подеднакво соодветен и за управувани мрежни опкружувања.

Едноставно и одржливо користење


Доследната сигурност и обновениот квалитет се гарантирани при секое менување на тонерот благодарение на сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon кој овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш при секоја замена на тонерот. Неговата мала потрошувачка на енергија во режимите на мирување и подготвеност, автоматското двострано печатење и неговата паметна функција за автоматско исклучување заради заштеда на енергија се карактеристики кои го прават MF418x одржлив избор со мали трошоци.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF418x, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Duplex Automatic Document Feeder

Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи

Colour Touch Panel

Панел на допир во боја

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Scan to email & folder

Скенирање кон e-mail и фолдер

Secure print

Безбедно печатење

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Следни чекори

Решенија за мобилни уреди

Едноставно печатење од мобилни уреди

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.