Canon i-SENSYS MF515x

i-SENSYS MF515x

Повеќефункционалниот црно-бел ласерски печатач MF515x за A4 формати е идеален за деловни работни групи кои имаат потреба од опции за брзо печатење со професионален квалитет вградени во компактен уред со многубројни функции специјално дизајниран за флексибилно работење.

Придобивки

  • Висококвалитетно печатење со импресивна брзина од 40 стр./мин.
  • Екранот на допир во боја овозможува едноставно користење за корисници од сите нивоа на познавање
  • Поддржува безбедно печатење со PIN
  • Печатете од паметни телефони и таблет-уреди со поддршка за AirPrint, Mopria и апликацијата Canon PRINT Business
  • Автоматското двострано печатење го намалува отпадот и трошоците за потрошни материјали
  • Брзото печатење на првата страница го намалува времето на чекање и помага во максимизирање на продуктивноста на работните групи
  • Едноставно далечинско работење со документи преку Cloud
  • Опции за управување со уреди и со печатењето
  • Едноставно одржување со практичните сè-во-едно картриџи

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF515x

Максимизирајте ја продуктивноста во канцеларијата


Повеќефункционалниот црно-бел ласерски печатач MF515x за A4 формати со факс претставува незаменлив избор за малите деловни работни групи на кои им е потребно значително зголемување на продуктивноста. Тој се одликува со моќни функции и опции како и големите повеќефункционални канцелариски печатачи, но има компактни димензии и може лесно да се постави во мали простории. Динамичните тимови ќе се воодушеват од неговото брзо и висококвалитетно печатење и копирање со импресивни брзини до 40 стр./мин. Екранот на допир во боја овозможува едноставно користење за корисници од сите нивоа на познавање, а капацитетот за хартија од 600 страници и функцијата за брзо печатење на првата страница веднаш по вклучувањето придонесуваат за поефикасна работа на вашите тимови. Доверливите документи се заштитени со функцијата за безбедно печатење која ги заштитува документите со PIN код кога печатите од компјутер или од мобилен уред.

Флексибилно работење


Благодарение на поддршката за Apple AirPrint (iOS) и Mopria (Android) што ја нуди MF515x, вашата работна група ќе може да печати од сите овозможени уреди. Исто така, со нив ќе можете да пристапите до многубројни напредни функции преку апликацијата Canon PRINT Business и можат да го поврзат уредот со сметка на Google Cloud Print за неколку секунди.

Подобрено споделување на документи


Динамичните тимови ќе добијат флексибилност благодарение на MF Scan Utility (за компјутери/лаптопи) и апликацијата Canon PRINT Business (за мобилни уреди) на MF515x кои овозможуваат беспрекорна интеграција со услугите Cloud. Тимовите ќе можат да ги користат омилените услуги за складирање Cloud – како што се Google Drive и DropBox – за снимање, дигитализирање и споделување документи во секое време и од секое место.

Опции за паметно мрежно работење


Благодарение на многубројните флексибилни мрежни опции, MF515x претставува совршен дополнителен уред во вашата деловна мрежа. Освен можноста за поврзување преку WiFi и етернет, достапна е и целосна поддршка за PCL5e/6 и Adobe PostScript јазици за печатачи кои овозможуваат едноставна интеграција во групата на вашите постоечки повеќефункционални печатачи. Опциите за далечински услуги и поддршката за системот за печатење uniFLOW на Canon овозможуваат лесно управување и ќе им бидат добредојдени на тимовите за управувани услуги за печатење.

Достапно и одржливо користење


Ако ви треба повеќефункционален печатач со доследен квалитет и сигурност, MF515x нема да ве разочара, бидејќи сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon овозможува замена на сите важни компоненти одеднаш. Потрошувачката на енергија и трошоците за потрошни материјали се минимални благодарение на малата потрошувачка на енергија во режимите на мирување и подготвеност, автоматското двострано печатење и неговата паметна функција за автоматско исклучување.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF515x, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Duplex Automatic Document Feeder

Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи

Super G3 FAX

Супер G3 ФАКС

Colour Touch Panel

Панел на допир во боја

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Scan to email & folder

Скенирање кон e-mail и фолдер

Secure print

Безбедно печатење

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред