Добијте едноставно и практично црно-бело печатење со овој 4-во-1 печатач со Wi-Fi и поддршка за Cloud. Брзо и енергетски-ефикасно користење и печатење со брзина од 33стр./мин. за заштеда на време и пари.
Подетално разгледување на Canon i-SENSYS MF6180dw
Ослободете го вашето деловно работење со можноста за печатење од и скенирање кон голема палета на уреди. Богатите функции, како Google Cloud Print и Apple AirPrint, им овозможуваат на корисниците да се поврзат со печатачот од голем број различни компјутери или мобилни уреди.
Добивајте резултати за пократко време кога најмногу ви се потребни, со помош на технологијата за брзо печатење на првата страница која овозможува брзо започнување со печатењето од режим на мирување, брзина на печатење од 33стр./мин. и печатење на првата копија за 6 секунди. Капацитетот од 800 листови со изборниот фах за хартија ја намалува потребата за постојано полнење во текот на динамичните периоди.
Интегрирајте го овој уред, кој може да се поврзе во мрежа, во вашето постоечко опкружување за печатење на едноставен начин, со поддршката за PCL 5e, PCL 6 и PostScript Level 3.
Зголемете ја продуктивноста и рационализирајте ги работните процеси со можноста за директно скенирање кон e-mail, мрежни фолдери или USB уреди. Функцијата за испраќање на Canon може лесно да се користи преку копчињата на допир кои ви овозможуваат лесно подесување на дестинации, а компактниот PDF формат ви нуди слики со одличен квалитет и мала големина на фајловите, што ја подобрува ефикасноста на документите.
Извлечете максимум од вашата машина со копчињата кои нудат решенија со едно притиснување и овозможуваат едноставно подесување и интуитивниот 5-линиски LCD екран кој прикажува повеќе информации таму каде што ви се потребни – на екранот. Далечинскиот кориснички интерфејс (RUI) ви овозможува да го конфигурирате и контролирате вашиот печатач од кое било место на мрежата, со пристап врз основа на идентификација со цел да ги заштитите основните подесувања.
Печатете важни документи кон споделени уреди со сигурност, благодарение на функцијата за безбедно печатење од Canon. Печатете задачи кои се складирани во RAM меморијата на печатачот и до кои можете да пристапите преку PIN код, добивајќи безгрижност и сигурност без дополнителни трошоци.
Заштедете енергија и пари со врвната енергетска ефикасност и економичното печатење. i-SENSYS MF6180dw нуди типична потрошувачка на електрична енергија (TEC) од само 1,3 kWh/неделно, а автоматското двострано печатење заштедува значителна количина на хартија.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF6180dw, неговите функции и можности.
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Безжично користење и споделување
Скенирање преку мрежа
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Копче за директен избор на скенирање
Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија
USB поврзување
Користење и споделување преку мрежа
Автоматско двострано печатење
Копирање
Практичен LCD екран
Супер G3 ФАКС
+1 изборна касета за хартија
PCL печатење
Скенирање кон USB уред
Скенирање со професионален квалитет
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.