Canon i-SENSYS MF724Cdw

i-SENSYS MF724Cdw

Овој ласерски уред во боја за A4 формат, кој ви нуди идеален вовед во целосно опремените компактни повеќефункционални уреди, се одликува со мали димензии и голем број паметни опции за скенирање, печатење и поврзување кои ќе ви помогнат да работите попродуктивно.

Придобивки

  • Сигурен и компактен ласерски повеќефункционален уред за A4 формат со Wi-Fi кој е едноставен за користење
  • Двостраното печатење и копирање со 20 стр./мин. ќе ви помогне да бидете продуктивни
  • Механизмот за двострано снабдување со документи за 50 листови ги забрзува големите задачи
  • Интуитивниот екран на допир во боја нуди лесен пристап до моќните функции
  • Сè-во-едно картриџите се заменуваат лесно и нудат доследни и висококвалитетни резултати
  • Поддршката за Cloud и мобилни уреди го олеснува работењето во движење
  • Функцијата за безбедно печатење ги заштитува чувствителните документи со PIN
  • Моќни опции за скенирање за споделување и архивирање на хартиени документи
  • Мрежната компатибилност опфаќа поддршка за PCL5c/6 и Adobe® PostScript®
  • Функциите за заштеда на енергија како автоматското исклучување ви помагаат да создадете одржливо деловно работење

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF724Cdw

Одличен сеопфатен уред


i-SENSYS MF724Cdw нуди услуги кои најчесто се присутни само кај поголеми уреди, па затоа можете без двоумење да го изберете за мали деловни претпријатија и домашни канцеларии. Овој ласерски сè-во-едно уред во боја за A4 формат ги нуди квалитетот и сигурноста од Canon за да ви овозможи печатење, скенирање и копирање без напор. Краткото време за загревање, двостраното печатење и скенирање со брзина од 20 стр./мин., како и механизмот за двострано снабдување со документи за 50 листови, ќе ви помогнат да ги извршувате основните канцелариски и административни задачи со минимален напор.

Добивајте одлични резултати на едноставен начин


Искористувањето на целосниот потенцијал на вашиот MF724Cdw не може да биде полесно, благодарение на неговиот екран на допир во боја од 8,9 cm поставен на предната страна кој нуди пристап до моќните функции на уредот. Одржувањето доследен квалитет со MF724Cdw е едноставно: сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon овозможува замена на сите важни компоненти во една постапка, така што ќе подредувате и управувате со помалку елементи.

Создаден за работа во движење


MF724Cdw ви го нуди истото интуитивно корисничко доживување на вашиот лаптоп, таблет-уред и паметен телефон - без разлика дали сте во канцеларијата или сте во движење. Целосната поддршка за iOS, Android, Google Cloud Print и Wi-Fi ви нудат потполна слобода за работа, на начинот и на местото кое вие ќе го изберете. Бесплатната апликација Canon PRINT Business (iOS/Android) овозможува едноставен пристап до сите овие опции, и внатре и надвор од канцеларијата. А доколку сте загрижени за доверливоста на чувствителните документи, функцијата за безбедно печатење ви овозможува да ги заштитите задачите за печатење со PIN код.

Скенирајте, споделувајте и печатете преку Cloud


Можностите за брзо и детално скенирање на MF724Cdw се беспрекорно интегрирани со голем број опции за складирање, споделување и печатење преку Cloud. На тој начин, вие и вашите колеги ќе можете лесно да пристапите до дигиталните документи во секое време, на секое место и на секој уред. Освен беспрекорната интеграција за скенирање преку компјутер со MF Scan Utility или преку мобилни уреди со апликацијата Canon PRINT Business, можете да скенирате директно кон адреси за е-пошта, мрежни фолдери или USB мемориски уреди директно од MF724Cdw за максимален број на опции и флексибилност.

Опции за паметно поврзување во мрежа


Интеграцијата во ИТ мрежи е едноставна благодарение на поддршката за PCL5c/6 и Adobe PostScript кај MF724Cdw. Далечинскиот кориснички интерфејс базиран на интернет им овозможува на ИТ менаџерите да го следат, управуваат, одржуваат и ажурираат уредот на едноставен начин без потреба да го проверуваат на самата локација, со што значително заштедуваат време. Компатибилноста со платформата за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon му овозможува на MF724Cdw да се интегрира беспрекорно во опкружувања со MPS од Canon или опкружувања со повеќе печатачи. Палетата на функции кои заштедуваат енергија ќе ви помогнат да ги минимизирате вкупните трошоци и да го направите вашето деловно работење одржливо.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF724Cdw, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Colour Copy

Копирање во боја

Duplex Automatic Document Feeder

Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

USB connection

USB поврзување

Colour Touch Panel

Панел на допир во боја

+1 Optional Paper Cassette

+1 изборна касета за хартија

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Scan

Скенирање

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Paper Save Copy shortcut key

Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Scan to email & folder

Скенирање кон e-mail и фолдер

Secure print

Безбедно печатење

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Cartridge Replacement

i-SENSYS Cartridges

Зошто да изберете оригинални картриџи за ласерски печатачи од Canon

Откријте повеќе

2016-2017-3-year-warranty-campaign