Canon i-SENSYS MF728Cdw

i-SENSYS MF728Cdw

Одликувајќи се со неверојатно мали димензии и со функции кои се карактеристични за многу поголеми уреди, овој ласерски повеќефункционален уред во боја за A4 формат со факс им овозможува на малите деловни претпријатија да печатат, скенираат и споделуваат документи без напор.

Придобивки

  • Компактен, а сепак целосно опремен повеќефункционален ласерски уред за A4 формати со Wi-Fi и факс
  • Двостраното печатење и копирање со 20 стр./мин. ќе ви помогне да работите побрзо
  • Механизмот за двострано снабдување со документи за 50 листови ги забрзува големите задачи
  • Екранот на допир во боја нуди лесен пристап до моќните функции за сите корисници
  • Резултати со доследен квалитет, благодарение на сè-во-едно картриџите кои се заменуваат лесно
  • Сеопфатната поддршка за Cloud и мобилни уреди ќе ви помогне да работите во движење
  • Функцијата за безбедно печатење ги заштитува чувствителните документи со PIN
  • Сеопфатни опции за скенирање за споделување и архивирање на хартиени документи
  • Мрежната компатибилност опфаќа поддршка за PCL5c/6 и Adobe® PostScript®
  • Функциите за заштеда на енергија како автоматското исклучување ви помагаат да создадете одржливо деловно работење

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF728Cdw

Моќен сè-во-едно уред


Сакате слични можности како кај големите повеќефункционални уреди? Тогаш изберете го компактниот и сигурен i-SENSYS MF728Cdw. Овој ласерски сè-во-едно уред во боја за A4 формат нуди печатење, скенирање, испраќање факс и копирање без напор, како и голем број можности што ќе ја зголемат ефикасноста на вашето деловно работење. Краткото време за загревање, двостраното печатење и скенирање со брзина од 20 стр./мин., како и механизмот за двострано снабдување со документи за 50 листови, ќе ви помогнат да извршувате разни канцелариски задачи на побрз и поедноставен начин.

Користење и одржување без напор


Независно од нивото на познавање, корисниците можат да добијат импресивни резултати од нивниот MF728Cdw благодарение на екранот на допир во боја од 8,9 cm поставен на предната страна кој нуди лесен пристап до моќните функции на уредот. Одржувањето доследен квалитет со MF728Cdw е едноставно: сè-во-едно дизајнот на картриџите од Canon овозможува замена на сите важни компоненти во една постапка, така што ќе подредувате и управувате со помалку елементи.

Дизајниран за работа во движење


MF728Cdw ви го нуди истото едноставно корисничко доживување на вашиот лаптоп, таблет-уред и паметен телефон - без разлика дали сте во канцеларијата или сте во движење. Целосната поддршка за iOS, Android, Google Cloud Print и Wi-Fi ви нудат потполна слобода за работа, на начинот и на местото кое вие ќе го изберете. Бесплатната апликација Canon PRINT Business (iOS/Android) овозможува едноставен пристап до сите овие опции кога сте во движење. А доколку сте загрижени за доверливоста на чувствителните материјали, функцијата за безбедно печатење ви овозможува да ги заштитите документите со PIN код.

Скенирајте, споделувајте и печатете преку Cloud


Можностите за брзо и детално скенирање на MF728Cdw се беспрекорно интегрирани со голем број опции за складирање, споделување и печатење преку Cloud. На тој начин, вие и вашите колеги ќе можете лесно да пристапувате до дигиталните документи во секое време, на секое место и на секој уред. Освен беспрекорната интеграција за скенирање преку компјутер со MF Scan Utility или преку мобилни уреди со апликацијата Canon PRINT Business, можете да скенирате директно кон адреси за е-пошта, мрежни фолдери или USB мемориски уреди директно од MF728Cdw за максимален број на опции и флексибилност.

Опции за паметно поврзување во мрежа


Интеграцијата во ИТ мрежи е едноставна благодарение на поддршката за PCL5c/6 и Adobe PostScript кај MF728Cdw. Далечинскиот кориснички интерфејс им овозможува на ИТ менаџерите да го следат, управуваат, одржуваат и ажурираат уредот на едноставен начин без потреба да го проверуваат на самата локација, со што значително заштедуваат време. Компатибилноста со платформата за управување со далечински услуги e-Maintenance на Canon му овозможува на MF728Cdw да се интегрира беспрекорно во опкружувања со MPS од Canon или опкружувања со повеќе печатачи. Палетата на функции кои заштедуваат енергија ќе ви помогнат да ги минимизирате вкупните трошоци и да го направите вашето деловно работење одржливо.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF728Cdw, неговите функции и можности.

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Colour Copy

Копирање во боја

Duplex Automatic Document Feeder

Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

Super G3 FAX

Супер G3 ФАКС

USB connection

USB поврзување

Colour Touch Panel

Панел на допир во боја

+1 Optional Paper Cassette

+1 изборна касета за хартија

PCL Printing

PCL печатење

PostScript Printing

PostScript печатење

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Scan

Скенирање

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Paper Save Copy shortcut key

Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Scan to email & folder

Скенирање кон e-mail и фолдер

Secure print

Безбедно печатење

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Cartridge Replacement

i-SENSYS Cartridges

Зошто да изберете оригинални картриџи за ласерски печатачи од Canon

Откријте повеќе

2016-2017-3-year-warranty-campaign