Овој повеќефункционален уред кој е едноставен за користење и подготвен за мрежно поврзување е идеален за мали деловни претпријатија кои треба да споделуваат импресивни испечатени материјали во боја преку компјутери или мобилни уреди.
Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF8230Cn
Зголемете ја продуктивноста на тимот со овој компактен и стилски повеќефункционален уред, кој поддржува печатење од мобилни уреди и уредно се поставува на секоја канцелариска работна маса. Практичниот i-SENSYS MF8230Cn, кој е подготвен за поврзување во мрежа и нуди интуитивна навигација и јасен екран во боја, го олеснува споделувањето на испечатени материјали во боја, копирањето и скенирањето во работните групи.
Благодарение на можноста за печатење од мобилни уреди, ќе можете лесно да поврзете паметни телефони и таблет уреди на i-SENSYS MF8230Cn, од речиси секое место во канцеларијата. Печатете e-mail пораки, веб-страници и други документи директно од вашиот iPhone или iPad користејќи ја поддршката за апликацијата Apple AirPrint™, која автоматски го открива печатачот во вашата мрежа. Бесплатната апликација Mobile Printing од Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS. За да ви обезбеди слобода за печатење без разлика каде се наоѓате, преку интернет, преку паметен телефон, таблет уред или десктоп компјутер, MF8230Cn нуди поддршка за Google Cloud Print.
За да ви обезбеди попродуктивно работење, i-SENSYS MF8230Cn печати и копира црно-бели документи и документи во боја со брзина од 14 страници во минута, а има и автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови. Исто така, на излезните материјали се губи малку време благодарение на технологиите за брзо печатење на првата страница и брзо време до излегување на првата копија од Canon. Напредниот квалитет на слика, со резолуција до 1200 x 1200 dpi, овозможува печатење на осветлени и живописни материјали во секое време.
Копчињата кои нудат решенија со еден допир и интуитивните менија навистина овозможуваат едноставно ракување и одржување на уредот. Продуктивноста се зголемува преку едноставно скенирање и еко-копирање, кое овозможува комбинирање на неколку страници во една отпечатена страница, со што заштедувате хартија и пари. 7-линискиот екран во боја со задно осветлување јасно ги прикажува сите важни информации кои им се потребни на корисниците. "Сè-во-едно" картриџите го олеснуваат одржувањето и ја зголемуваат сигурноста.
Споделувајте документи на практичен начин со скенирање преку мрежна врска или директно кон USB мемориски уред.
Намалете ги трошоците без да ги намалите перформансите, а истовремено намалете ја и емисијата на јаглерод, со помош на технологијата за фиксирање по потреба од Canon. Усогласен со ENERGY STAR®, i-SENSYS MF8230Cn спаѓа во групата на повеќефункционални уреди со најголема енергетска ефикасност во неговата класа, со мала потрошувачка на енергија од само 1 W во режим на мирување која е водечка на пазарот.
Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF8230Cn, неговите функции и можности.
Практичен екран во боја
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Скенирање преку мрежа
Автоматски механизам за снабдување со документи
Копче за директен избор на скенирање
Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија
USB поврзување
Користење и споделување преку мрежа
Копирање во боја
Печатење со висок квалитет
Скенирање кон USB уред
Скенирање со професионален квалитет
За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.