Canon i-SENSYS MF8280Cw

i-SENSYS MF8280Cw

Споделувајте ги практичните функции на овој повеќефункционален уред за на работна маса, кој е идеален за мали деловни претпријатија, преку жична или безжична мрежа и добијте импресивни испечатени материјали во боја од компјутери или мобилни уреди.

Придобивки

  • Мрежно печатење, копирање, скенирање и испраќање факс во боја
  • Можност за поврзување во мрежа и Wi-Fi
  • Apple AirPrint™ и Google Cloud Print
  • 14 стр./мин. за печатење во боја и црно-бело
  • Копчиња со решенија за лесно скенирање и еколошко копирање
  • 7-линиски LCD екран
  • Скенирајте кон мрежа и USB мемориски уред
  • Енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF8280Cw

"Сè-во-едно" уред кој е подготвен за мрежно поврзување


Зголемете ја продуктивноста на тимот со овој компактен и стилски повеќефункционален уред, кој поддржува печатење од мобилни уреди и уредно се поставува на секоја канцелариска работна маса. Практичниот i-SENSYS MF8280Cw, кој е подготвен за поврзување во мрежа и Wi-Fi и нуди интуитивна навигација и јасен екран во боја, го олеснува споделувањето на испечатени материјали во боја, копирањето, скенирањето и испраќањето факс во работните групи.

Лесно споделување


Благодарение на можноста за печатење од мобилни уреди, ќе можете лесно да поврзете паметни телефони и таблет уреди на i-SENSYS MF8280Cw, од речиси секое место во канцеларијата. Печатете e-mail пораки, веб-страници и други документи директно од вашиот iPhone или iPad користејќи ја поддршката за апликацијата Apple AirPrint™, која автоматски го открива печатачот во вашата мрежа. Бесплатната апликација Mobile Printing од Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS. За да ви обезбеди слобода за печатење без разлика каде се наоѓате, преку интернет, преку паметен телефон, таблет уред или десктоп компјутер, i-SENSYS MF8280Cw нуди поддршка за Google Cloud Print.

Брзо и квалитетно печатење


За да ви обезбеди попродуктивно работење, i-SENSYS MF8280Cw печати и копира црно-бели документи и документи во боја со брзина од 14 страници во минута, а има и автоматски механизам за снабдување со документи за 50 листови. Исто така, на излезните материјали се губи малку време благодарение на технологиите за брзо печатење на првата страница и брзо време до излегување на првата копија од Canon. Напредниот квалитет на слика, со резолуција до 1200 x 1200 dpi, овозможува печатење на осветлени и живописни материјали во секое време.

Едноставен за ракување и одржување


Копчињата кои нудат решенија со еден допир и интуитивните менија навистина овозможуваат едноставно ракување и одржување на уредот. Продуктивноста се зголемува преку едноставно скенирање и еко-копирање, кое овозможува комбинирање на неколку страници во една отпечатена страница, со што заштедувате хартија и пари. 7-линискиот екран во боја со задно осветлување јасно ги прикажува сите важни информации кои им се потребни на корисниците. "Сè-во-едно" картриџите го олеснуваат одржувањето и ја зголемуваат сигурноста.

Брза дистрибуција на документи


Споделувајте документи на практичен начин со скенирање преку мрежна врска или директно кон USB мемориски уред.

Заштедете енергија и скратете ги трошоците


Намалете ги трошоците без да ги намалите перформансите, а истовремено намалете ја и емисијата на јаглерод, со помош на технологијата за фиксирање по потреба од Canon. Усогласен со ENERGY STAR®, i-SENSYS MF8280Cw спаѓа во групата на повеќефункционални уреди со најголема енергетска ефикасност во неговата класа, со мала потрошувачка на енергија од само 1 W во режим на мирување која е водечка на пазарот.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF8280Cw, неговите функции и можности.

User friendly colour display

Практичен екран во боја

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Use and share wirelessly

Безжично користење и споделување

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Automatic Document Feeder

Автоматски механизам за снабдување со документи

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Paper Save Copy shortcut key

Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија

USB connection

USB поврзување

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

Colour Copy

Копирање во боја

High print quality

Печатење со висок квалитет

Super G3 FAX

Супер G3 ФАКС

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Professional Scan quality

Скенирање со професионален квалитет

Следни чекори

Решенија за мобилни уреди

Едноставно печатење од мобилни уреди

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan