Canon i-SENSYS MF8550Cdn

i-SENSYS MF8550Cdn

Повеќефункционален уред кој нуди висока продуктивност, поврзување во мрежа и можност за печатење од мобилни уреди. Им овозможува на малите деловни претпријатија ефикасно да комуницираат, со помош на неговите практични функции.

Придобивки

  • Автоматско двострано мрежно печатење, копирање, скенирање и испраќање факс во боја
  • Можност за поврзување во мрежа со поддршка за PCL 5c/6
  • Apple AirPrint™ и Google Cloud Print
  • 20 стр./мин. за печатење во боја и црно-бело
  • Копчиња со решенија за лесно скенирање, еколошко копирање и безбедно печатење
  • 7-линиски LCD екран
  • Скенирајте на e-mail, мрежен фолдер и USB мемориски уред
  • Енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon i-SENSYS MF8550Cdn

Продуктивен "сè-во-едно" уред кој заштедува простор


Зголемете ја продуктивноста со овој повеќефункционален уред кој лесно се споделува, беспрекорно се усогласува со вашата мрежа и поддржува печатење од мобилни уреди. Јасниот 7-линиски екран во боја кој е едноставен за користење ги прикажува сите информации кои им се потребни на корисниците. "Сè-во-едно" уредот нуди комбинација од автоматско двострано печатење, копирање, скенирање и испраќање факс.

Едноставно споделување


Не постои начин на кој нема да можете да се поврзете со i-SENSYS MF8550Cdn, без разлика дали тоа ќе го направите од работната маса, мобилниот уред, таблет уредот или преку Cloud. Вградената поддршка за Apple AirPrint™ автоматски го открива печатачот за да овозможи печатење на документи директно од iPhone или iPad. Бесплатната апликација Mobile Printing од Canon, исто така, овозможува безжично печатење со вашиот печатач преку вашиот уред со Apple iOS. Без разлика каде се наоѓаат корисниците, тие ќе можат да печатат со помош на "сè-во-едно" уредот преку интернет, користејќи Google Cloud Print.

Флексибилно поврзување


i-SENSYS MF8550Cdn нуди можност за поврзување во мрежа и беспрекорно се интегрира во вашите деловни задачи преку неговата поддршка за печатење со индустрискиот стандард PCL5c/6.

Брзо функционира и заштедува време


i-SENSYS MF8550Cdn овозможува брзо и попродуктивно работење. Тој печати и копира документи во боја и црно-бели документи со брзина од 20 страници во минута, а се одликува и со автоматски двостран механизам за снабдување со документи за 50 листови. Технологиите за брзо печатење на првата страница и брзо време до излегување на првата копија од Canon го намалуваат времето кое се губи додека чекате да заврши печатењето.

Практично користење


Дизајнирани за едноставно ракување, копчињата кои нудат решенија со еден допир го олеснуваат пристапот до често користените функции, вклучувајќи и брзо скенирање директно кон вашиот компјутер, еко-копирање за комбинирање на неколку страници во една отпечатена страница за заштеда на хартија и пари, како и безбедно печатење за заштита на доверливите документи и намалување на отпадот преку намалување на бројот на непотребни печатења. "Сè-во-едно" картриџите го олеснуваат одржувањето и ја зголемуваат сигурноста.

Разни можности за споделување на документи


Заштедете време и работете поефикасно преку дистрибуирање на вашите документи со помош на SEND функционалноста од Canon. Таа врши скенирање и испраќање на документи директно на e-mail, мрежен фолдер или на USB мемориски уред. За да добиете поголема флексибилност, скенираните документи можете да ги испратите преку e-mail пораки до паметните телефони и таблет уредите на корисниците, кои потоа можат да ги испечатат со i-SENSYS MF8550Cdn преку функцијата за печатење од мобилни уреди.

Заштедете енергија и пари


Технологијата за фиксирање по потреба на Canon ви заштедува време и пари, без намалување на перформансите. Усогласен со ENERGY STAR®, i-SENSYS MF8550Cdn има мала потрошувачка на енергија од само 1 W во режим на мирување која е водечка на пазарот.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon i-SENSYS MF8550Cdn, неговите функции и можности.

User friendly colour display

Практичен екран во боја

Tablet and smartphone ready

Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

Network scanning

Скенирање преку мрежа

Duplex Automatic Document Feeder

Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи

Scanning shortcut key

Копче за директен избор на скенирање

Paper Save Copy shortcut key

Копче за директен избор на копирање со заштеда на хартија

USB connection

USB поврзување

Use and share over network

Користење и споделување преку мрежа

Automatic double sided printing

Автоматско двострано печатење

Colour Copy

Копирање во боја

High print quality

Печатење со висок квалитет

Super G3 FAX

Супер G3 ФАКС

+1 Optional Paper Cassette

+1 изборна касета за хартија

PCL Printing

PCL печатење

Scan to USB key

Скенирање кон USB уред

Professional Scan quality

Скенирање со професионален квалитет

Scan to email & folder

Скенирање кон e-mail и фолдер

Secure print

Безбедно печатење

Следни чекори

Решенија за мобилни уреди

Едноставно печатење од мобилни уреди

Едноставен сервисен план

За целосно ослободување од грижите, заштитете ја вашата инвестиција во Canon.

Easy Service Plan