Canon LV-7292A

LV-7292A

LV-7292A нуди XGA резолуција, 2200 лумени, HDMI™ и моќен звук од 10W. Тој е идеален за деловни и едукативни опкружувања за кои се потребни високи перформанси, едноставно поставување и мали работни трошоци.

Придобивки

    • Стандардна XGA резолуција
    • 2200 лумени
    • Сооднос на контрастот од 2000:1
    • 1,2x Canon објектив за зумирање
    • Автоматско поставување
    • HDMI™ влез и RJ-45 мрежен приклучок
    • Вграден звучник од 10W
    • Продолжен век на траење на лампата: до 6000 часа
    • Оддржливи функции: помалку од 1W во режим на подготвеност (исклучена мрежа)
    • 29dBA во еко режим

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-7292A

Јасна и осветлена проекција


Стандардната XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) со осветлување од 2200 лумени му овозможува на LV-7292A да проектира јасни и детални слики, дури и во осветлени места. Овој проектор од напредната и пренослива серија е идеален за користење во училници, простории за состаноци и лаборатории.

Висок контраст


Благодарение на автоматскиот ирис, кој автоматски реагира на промени, уредот го задржува извонредниот квалитет на сликата, без оглед на условите на осветлување. Високиот сооднос на контрастот од 2000:1 ги доловува деталите во длабоките темни тонови и богатите бои, додека објективот за проектирање со 1,2x зум од Canon обезбедува врвен квалитет на сликата.

Едноставен за ракување


LV-7292A содржи голем број автоматски функции кои го олеснуваат поставувањето и ракувањето, без оглед на искуството на корисникот. Автоматското пребарување на влезот автоматски ги препознава влезните сигнали, додека автоматската трапезоидна корекција го прилагодува изобличувањето на сликата предизвикано од закосувањето на проекторот.

Моќно поврзување


Вградениот внатрешен звучник од 10W може да репродуцира звук кој ќе ги придружува проекциите. Или, пак, може да го искористите линискиот излез за поврзување на надворешни аудио системи. Презентерите можат да додадат свои коментари со приклучување на микрофон во влезниот приклучок за звук (влез за микрофон). Исто така, HDMI™ влезот овозможува поврзување на компјутери, DVD плеери, Blu-ray снимачи и слични уреди, за добивање на висококвалитетни дигитални проекции.

Долготрајни ресурси


Лампата со долго траење (до 6.000 часа во еко режим) и филтерот за воздух (кој трае околу 5.500 часа) го прават LV-7292A навистина оддржлива опција. Потребно е помалку оддржување, а трошоците се намалени. Со потрошувачка на енергија која е помала од 1W (во режим на подготвеност), проекторот функционира тивко во еко режимот, со гласност од 29dBA.

Лесно контролирање и управување


Проекторот може едноставно да се контролира и управува преку мрежа. Користејќи го контролниот приклучок RJ-45 и жичен LAN приклучок, ќе можете да го вклучувате или исклучувате проекторот, да ги менувате подесувањата, како и да го следите користењето и статусот на лампата - дури и ако сте на друго место. Идеален за интегрирање во системи за контрола на простории и за поврзување во деловна LAN мрежа, проекторот нуди поддршка и за PJLINK™.

Перформанси за безбедност


Ако поставите заштита со лозинка, само овластените корисници ќе можат да го вклучуваат проекторот или да ракуваат со него, додека функцијата за заклучување на копчињата на контролниот панел ќе ве спречи случајно да притиснете погрешно копче за време на презентацијата.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-7292A, неговите функции и можности.

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард