Canon LV-7292S

LV-7292S

LV-7292S е основниот модел во палетата и нуди одлична вредност за потрошените пари. Тој е идеален за деловни и преносливи апликации за кои е потребна XGA резолуција, 2200 лумени и помали трошоци за одржување.

Придобивки

  • Стандардна XGA резолуција
  • 2200 лумени
  • Сооднос на контрастот од 500:1
  • 1,2x Canon објектив за зумирање
  • Автоматско поставување на влезот
  • Функција за снимање на слики
  • Голем избор на режими на слика
  • Продолжен век на траење на лампата: до 6000 часа
  • Оддржливи функции: помалку од 1W во режим на подготвеност
  • Мал шум: 29dBA во еко режим

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-7292S

Осветлени и остри слики


Со стандардна XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) и осветленост од 2.200 лумени, овој лесен и лесно пренослив проектор од стандардната серија е идеален за проектирање на јасни и квалитетни слики во деловни и едукативни опкружувања.

Извонредни бои


Со сооднос на контрастот од 500:1, LV-7292S доловува детали и прикажува живописни бои. Објективот за проектирање со зум од 1,2x на Canon обезбедува одличен квалитет на сликата, во речиси секакви околности.

Едноставно користење


Автоматското поставување кај LV-7292S овозможува едноставно подготвување за работа, дури и за корисниците кои за прв пат ракуваат со проектор, кое е надополнето со функција за автоматско пребарување на влезот која автоматски ги открива влезните сигнали и ги прилагодува подесувањата.

Оптимизирање на проекцијата


Однапред подесените режими на слика ви овозможуваат да проектирате при силна светлина, на табли (зелени) или обоени ѕидови. Рачните прилагодувања на контрастот, нијансите и осветленоста може да се зачуваат во една од четирите мемории за однапред поставени режими од страна на корисникот. Исто така, соодносот на сликата автоматски се прилагодува за да одговара на проектираната слика. Снимањето на слики ви овозможува да го подесите вашиот почетен екран, на пример да прикажува лого ознаки, порака за добредојде, фотографии, податоци за контакт или информации за поддршка.

Еколошки и ефтин


LV-7292S се одликува со долготрајна лампа (до 6.000 часа во еко режим) и филтерот за воздух (кој трае околу 5.500 часа). Тоа резултира со помалку одржување и намалени трошоци. Потрошувачката на енергија е мала во режим на подготвеност (помала од 1W), а проекторот тивко функционира со гласност од само 29dBA во еко режим.

Исклучете го и поместете го


Директното исклучување на напојувањето го олеснува исклучувањето на проекторот, без да го користите копчето за напојување, далечинскиот управувач или контролниот панел, а потоа ќе можете веднаш да го преместите.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-7292S, неговите функции и можности.

Сериски команди

Преземете ги сериските команди кои се потребни за подесување на далечинскиот управувач на LV од серија S

LV A, M and S series Basic [PDF, 238KB]

LV S series Extended [PDF, 384KB]