Canon LV-7297A

LV-7297A

LV-7297A нуди XGA резолуција, 2600 лумени, HDMI™ и моќен звук од 10W. Тој е идеален за деловни и едукативни опкружувања за кои се потребни извонредни перформанси, едноставно поставување и помали работни трошоци.

Придобивки

    • Стандардна XGA резолуција
    • 2600 лумени
    • Сооднос на контрастот од 2000:1
    • 1,2x Canon објектив за зумирање
    • Автоматско поставување
    • HDMI™ влез и RJ-45 мрежен приклучок
    • Вграден звучник од 10W
    • Продолжен век на траење на лампата: до 6000 часа
    • Оддржливи функции: помалку од 1W во режим на подготвеност (исклучена мрежа)
    • 29dBA во еко режим

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon LV-7297A

Осветлена и остра проекција


XGA резолуција (1024 x 768 пиксели) за остри и јасни слики. Со 2600 лумени, напредниот пренослив проектор LV-7297A обезбедува прекрасни слики дури и во осветлени места, а тоа го прави идеален за проектирање во добро осветлени простории во училиштата, лабораториите и салите.

Живописни и детални слики


Автоматскиот ирис врши автоматско прилагодување кон условите со променливо осветлување и обезбедува извонреден квалитет на сликата, без оглед на опкружувањето. Заедно со високиот сооднос на контрастот од 2000:1, слободно може да очекувате длабоки темни тонови и богати бои. Објективот за проектирање со зум од 1,2x на Canon создава одлични резултати во речиси секакви услови.

Едноставен за поставување и користење


Дури и неискусните корисници ќе можат лесно да го постават LV-7297A. Во групата на автоматски функции спаѓа и функцијата за автоматско пребарување на влезот која врши препознавање на секој сигнал кој ќе биде приклучен на влезот и соодветно прилагодување на подесувањата. Автоматската трапезоидна корекција автоматски го прилагодува секое изобличување на сликата предизвикано поради изместување на проекторот надвор од површината за приказ.

Поврзување на звук


Моќниот внатрешен звучник од 10W репродуцира звук онаму каде што не се достапни надворешни звучници. Или, пак, може да го искористите линискиот излез за поврзување на аудио системи во просторијата или местото во кое се одржува настанот. Презентерите можат да додадат свои коментари со приклучување на микрофон во влезниот приклучок за звук (влез за микрофон), а HDMI™ влезот овозможува проектирање на висококвалитетни видео снимки од дигитални извори, како компјутер, DVD плеер, Blu-ray снимач и други уреди.

Подобро искористување на ресурсите


Оддржливоста на LV-7297A се зголемува со помош на долготрајната лампа (до 6.000 часа во еко режим) и филтерот за воздух (кој трае околу 5.500 часа). Тие значително ја намалуваат потребата за одржување и помагаат во подобро искористување на ресурсите. Потрошувачката на енергија е помала од 1W (во режим на подготвеност), а и проекторот функционира тивко за време на презентациите со само 29dBA.

Далечинско контролирање и управување


Контролирајте и управувајте го проекторот преку мрежа, користејќи го контролниот приклучок RJ-45 и приклучокот за жична LAN врска. На тој начин ќе можете да го вклучувате или исклучувате проекторот и да ги менувате подесувањата, дури и ако сте на друго место. Ќе можете дури и далечински да го следите користењето и статусот на лампата. Идеален за интегрирање во системи за контрола на простории и за поврзување во деловна LAN мрежа, проекторот нуди поддршка и за PJLINK™.

Безбедни презентации


Неовластеното користење на проекторот се спречува преку заштита со лозинка, додека функцијата за заклучување на копчињата на контролниот панел ги отстранува вашите грижи и овозможува презентацијата да не биде прекината поради случајно притиснување на погрешно копче.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon LV-7297A, неговите функции и можности.

HDMI Port

HDMI приклучок

Industry standard control protocol

Протокол за контрола со индустриски стандард

Сериски команди

Преземете ги сериските команди кои се потребни за подесување на далечинскиот управувач на LV од серија A и M

LV A, M and S series Basic [PDF, 238KB]

LV A and M series Extended [PDF, 431KB]

Корисни информации

Поврзани производи