Разновидниот LV-8235 UST со ултра краток фокус – подготвен за 3D со стандардна WXGA резолуција – овозможува добивање на голема слика од мало растојание на проекција и е идеален за денешните деловни и едукативни опкружувања.
Погледнете подетални информации за Canon LV-8235 UST
LV-8235 UST нуди проектирање на голем екран, дури и кога просторот е ограничен. Компактно дизајниран, тој може да прикаже слика од 80 инчи од растојание на проекција од само 32cm (со растојание на поставување од само 2,4cm). Одликувајќи се со стандардна WXGA резолуција (1280x800) и широк сооднос на слика од 16:10, тој е идеален за употреба со денешните лаптоп компјутери со широк екран. Презентерите ќе можат да го избегнат заслепувањето и појавата на сенки на проектираната слика, што овој уред го прави совршен за користење во училниците и салите за состаноци.
Овој извонредно разновиден уред со своите 2.500 лумени дава светла и јасна слика, додека импресивниот сооднос на контрастот од 2000:1 нуди длабоки црни тонови. Флексибилното поставување обезбедува широк опсег на примени во училниците, канцелариите и комерцијалните простори. Проекторот може да се постави на таван или на маса за вообичаено проектирање кое се користи за предавања или состаноци. Задната проекција е идеална за видео промоции во излозите на продавниците, рестораните, музеите и слично, додека со помош на проекцијата надолу површината на масите или подот може да се претвори во корисна површина за приказ.
Технологијата со ултра краток фокус LV-8235 UST овозможува проектирање на 3D слика на голем екран во затворени простории. Напредната технологија за слика овозможува репродуцирање на природни бои дури и кога проектирањето се врши на училишна табла или ѕид во боја. Како резултат се добиваат неверојатни презентации за посетителите на едукативните и комерцијалните центри, разни настани или реклами за производи. LV-8235 UST користи метод на секвенцијален приказ на слики, при што со голема брзина се менуваат сликите за левото и десното око, а за гледање на 3D сликата потребни се очила од тип со активно затворање.
Вградениот звучник од 10W обезбедува побогато доживување, подобрувајќи ги презентациите со живописен звук, дури и на места каде нема достапен аудио систем. LV-8235 UST исто така може да проектира јасна слика од дигитални извори со помош на HDMI влезот.
Благодарение на долгото траење на ламбата од 3.000 часа (во еко режим) и долгото траење на воздушниот филтер до 4.000 часа (во еко режим), користењето на LV-8235 UST е мошне економично, додека одржувањето е едноставно. Вградениот мрежен приклучок RJ-45 исто така ви овозможува далечинско следење и контролирање на проекторот.
Дознајте повеќе за Canon LV-8235 UST, неговите функции и можности.
HDMI приклучок
Протокол за контрола со индустриски стандард
Преземете ги сериските команди кои се потребни за подесување на далечинскиот управувач на LV-8235 UST